/БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА  АНТИТЕЛА:  ВО ЊУЈОРК ПОЗИТИВНИ 15 ОТСТО ОД ТЕСТИРАНИТЕ, ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СЛИЧЕН ТРЕНД, РЕГИСТИРАНИ 18 ОТСТО

БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА  АНТИТЕЛА:  ВО ЊУЈОРК ПОЗИТИВНИ 15 ОТСТО ОД ТЕСТИРАНИТЕ, ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СЛИЧЕН ТРЕНД, РЕГИСТИРАНИ 18 ОТСТО

Сподели

Без малку 15 проценти од лицата кои се тестирале во Њујорк, САД, во крвта имале присуство на антитела на коронавирусот. Според последните податоци кои ги соопшти гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, од 7.500 граѓани кои биле опфатени во последното тестирање 14,9 проценти се позитивни. САД спроведува акција на масовно тестирање на граѓаните со брзи серолошки тестови кои впрочем го откриваат присуството на антителата што ги создава човекот против вирусот. САД се во тешка ситуација со ширењето на бројот на заболени од Ковид-19, а тестирањето за антитела е дел од стратегијата со масовен скрининг да се докаже колку е имуно населението.

Во САД процентот на луѓе кои имаат развиени антитела расте. Има разлика во процентите меѓу мажите и жените, односно повеќе антитела создале мажи затоа што тие се и посклони да се заразат.

Тестирањата со брзи серолошки тестови се впрочем единствен начин на откривање на реалниот број луѓе кои се заболени бидејќи не сите носители на коронавирусот покажуваат симптоми. Со молекуларните тестови пак се утврдува присуството на вирусот во телото во моментот кога кај лицето се појавуваат симптоми.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е единствената клиничка болница во земјава во која се прават два типа тестови за коронавирус – серолошкиот тест кој утврдува присуство на антителата IgG и IgM како резултат на претходен контакт со вирусот SARS- CoV-2 и PCR молекуларниот тест.

Според досегашните резултати од тестирањето во Клиничката болница „Аџибадем Систина“,  18 проценти од лицата кои се тестирани со серолошките тестови се позитивни на IgG и IgM антителата.