/Како да се заштитите од загадениот воздух?

Како да се заштитите од загадениот воздух?

Сподели

Долготрајна изложеност на загаден воздух многу често предизвикува оштетувања на имунолошкиот, репродуктивниот, нервниот, кардиоваскуларниот и особено на респираторниот систем. Најчести симптоми на кои се жалат луѓето се : иритација во регија на носот, очите и грлото, свирење и стегање во градите, кашлица, отежнато дишење.

  • Редовно следете го нивото на загаденост на воздухот, доколку ги надминува границите на дозволените рамки, непотребно е излегување на отворено.
  • Најдобро е да се дише преку нос бидејќи слузницата на носот има многу влакненца кои ги задржуваат најголемите честички, влажноста на слузницата ги лепи и ги задржува.
  • Маските што се многу популарни во последно време и кои се широко достапни не се многу практични бидејќи не нудат голема заштита. Нивните пори се многу поголеми и попропустливи, затоа не потпирајте се на нив.
  • Доколку купувате, внимавајте бидејќи маската не смее да пропушти партикли поголеми од 2.5-3 микрони, поради тоа што најштетни воздушни партикли се со големина од 2.5 микрони.
  • Внимавајте маската да биде добро залепена на лицето и да не пропушта воздух од страните.
  • Најранливи групи се хронично болните со респираторни заболувања како што се астма, хроничен бронхитис, но и кардиолошките пациенти. Овие пациенти, како и сите други се советуваат да го ограничат движењето на отворено со цел помалку да вдишувате загаден воздух.
  • Во ризичната група спаѓаат и хронично болните, старите лица, трудниците и малите деца кои треба исто така пократко време да се изложуваат на отворено, а подолго време да поминуваат во затворено.
  • Во периодите од годината кога овие честички се најзастапени практикувајте да седите во затворени простории. Ако нивото на загадувачки честички во воздухот е зголемено, држете ги прозорците затворени.
  • Наместо автомобил, користете јавен превоз.

Што се ПМ 10 И ПМ 2,5 честички?

ПМ10 И ПМ2,5 се два вида честитки кои најмногу се застапени и се главни елементи на воздушното загадување. Бројките ја означуваат нивна големина во микрометри. Овие честички тешко се филтрираат и преку белите дробови влегуваат во сите органи и во крвотокот. Kолку што се помали честичките, толку се полесни и побрзо продираат во дишните патишта, но и преку циркулацијата на белите дробови можат да стигнат во системската циркулација. Другите загадувачи, како сулфурдиоксид и азотен диоксид и ЦО2, повеќе ја загадуваат средината, но и локално влијаат врз белите дробови.