/Сè за синусите

Сè за синусите

Сподели

Синусите се шуплини во коските на лицето и постојат четири пара синуси. Фронталните синуси се над очите, во пределот на веѓите, максиларни се во внатрешноста на секоја од јаболчните коски, етмоидните се сместени над коренот на носот и меѓу очите, а синоидните во горната регија на носот и зад очите. До нивно воспаление најчесто доаѓа поради вируси и бактерии, алергенти и надрзанувачки хемикалии, а најретко габите. Поради зголемено присуство на овие микроорганизми доаѓа до задебелување на слузницата, па синусите, кои, инаку, се тесни, отежнато се празнат.

Кај луѓето со слаб имунитет полесно доаѓа до воспаление, што се манифестира со посебни симптоми. Освен главоболката, а понекогаш и мигрената, се јавува и секрет, кашлање, пречувствителност на лицето, а понекогаш и зголемена температура.

Откако медицинските стручњаци ќе го дијагностицираат воспалението треба веднаш да се почне со лекувањето за да не се прошири воспалението и на другите делови од телото. Во зима многу почесто се јавуваат настинките, а симптомите како што се главоболка, затнат нос и секрет покажуваат на заболени синуси.  По главоболките, воспалението на синусите е најчестиот здравствен проблем во пределот на главата.

Воспалението на синусите најчесто почнува со обична настинка, а по неколку дена се подобрува состојбата, но лицата со заболени синуси никако целосно да оздрават. За жал, проблемите со синусите продолжуваат. Воспалувањето на синусите најчесто се јавува како последица на често менување на дневната температура. Ова воспаление не треба да се сфати како некоја лесна инфекција бидејќи лесно може да прерасне во хронична болест.

Затоа внимавајте:

–          Наглата промена на времето и падот на температурата може негативно да влијае врз синусите

–          Носете шал и не вдишувајте ладен воздух

–          Внимавајте да не седите на провев

–          Избегнувајте да шетате кога има магла

–          Откажете се од пушењето

За да се постави правилна дијагноза и план за третман, посетете оториноларинголог.