/Зошто може да развиете астма оваа пролет?

Зошто може да развиете астма оваа пролет?

Сподели

Пулмоалерголозите предвидуваат нови случаи на астма секоја пролет. Тоа е поради поврзаноста помеѓу алергиите и астмата. Алергиите се чести причина за појавата на астмата.

Во текот на целата година луѓето се соочуваат со тешкотии, од кои некои се предизвикани од вдишувачките алергени.

Осетливоста кон алергените

Астмата е хронична болест која влијае врз дишните патишта. Кога дишењето е нормално мускулите кои ги опкружуваат дишните патишта се опуштени и воздухот се движи слободно. За време на напад на астма се случуваат промени во мускулите или дишните патишта и го попречуваат нормалниот проток на воздухот.

Луѓето кои развиваат астма се типично по осетливи на алергените дишните патишта.

Докторите понекогаш имаат проблем со дијагностицирањето на астмата во пролет бидејќи многу пациенти имаат астма, но нивните симптоми не се сериозни. Но, треба да запомните дека и хронична кашлица е симптом за астма и треба да ја проверите.

Симптоми

Симптомите на астма не се исти кај сите луѓе. Кај еден човек тие можат да се менуваат од еден напад до друг. Или, пак, може да имате само еден симптом на астма, додека некој друг да ги има сите останати симптоми.

Најчестите симптоми вклучуваат:

• Кашлање, особено ноќе
• Губење здив
• Отежнато дишење
• Стегање во градите, болка или притисок

Пулмоалерголозите велат дека доколку развиете кашлица или имате други симптоми на астма кои траат подолго од 7 до 10 дена, добра идеја би било да го посетите вашиот доктор. За дијагностицирање на астмата вашиот доктор прво ќе треба да ја прегледа вашата медицинска историја, семејна историја и симптомите.

Докторот може да препорача и тестови за дишење, алергиски тестови, крвна слика и рендген на градите и синуси. Тестовите ќе покажат дали постојат други состојби кои дополнително придонесуваат за појава и развивање астма.