/Зошто треба длабоко да дишеме?

Зошто треба длабоко да дишеме?

Сподели

Толку сме зафатени со брзиот начин на живот што ретко размислуваме околу неговиот квалитет. На крајот на денот сите сакаме да се опуштиме и да имаме мирен сон. Покрај тоа, ние треба да го заштитиме нашето здравје од секојдневниот стрес, депресијата, зголемениот крвен притисок и срцеви заболувања.

Со ваквиот забрзан живот должни сме секој ден да практикуваме да дишеме длабоко со цел да го одржиме балансот меѓу работата и животот. Длабокото дишење е една од најважните вежби за опуштање и освежување на телото. Пред сѐ, се работи за многу лесна и едноставна метода. Сѐ што треба е да седнете во опуштена положба, потоа длабоко да вдишете, како да медитирате. Оваа вежба нуди многу здравствени бенефиции.

Детоксикација на телото

Длабокото дишење служи како природен детоксикатор. На овој начин се исфрлаат токсините од телото и телото се ослободува од слободните радикали. Според некои истражувања, повеќе од 80% од токсините се исфрлаат по пат на длабоко дишење.

Против стареење

Длабокото дишење, освен што е добро за целокупното здравје, добро e и за кожата. Тоа ги отстранува брчките и прави да изгледате помлади.

Го ублажува стресот

Ова е една од попознатите здравствени предности на длабокото дишење. Тоа го ублажува стресот и депресијата, едни од главните причинители за многу болести.

Го подобрува варењето на храната

Доколку страдате од пречки или болки во желудникот, потрудете се длабоко да дишете. Оваа вежба е природен  лек за желудочните проблеми.

Ги ублажува болките во грбот

Повеќето од нас не седат во правилна положба додека работат, седат па дури и кога спијат. Тоа доведува до болки во грбот. Потрудете се да ги олесните болките со длабоко дишење. Покрај тоа, оваа вежба го подобрува држењето на телото.

Го контролира крвниот притисок

Доколку страдате од висок крвен притисок, пробајте ја оваа вежба.

Здравјето на срцето

Кога вдишувате и издишувате длабоко, вдишувате многу кислород, а издишувате многу јаглерод диоксид. Тоа ја подобрува циркулацијата на крвта во белите дробови и срцето и со тоа се подобрува нивната функција.

Ја зајакнува издржливоста

Доколку се чувствувате летаргично, тогаш редовно правете ја вежбата „длабоко дишење“. Повторно ќе се чувствувате опуштено и енергично.