/Првите 5 дена по раѓањето клучни за адаптација на бебето

Првите 5 дена по раѓањето клучни за адаптација на бебето

Сподели

Со чинот на раѓањето и пресекувањето на папочната врвка се случува само физичко одделување на новороденчето од мајката. Но, симбиозата мајка-дете трае во текот на целиот живот, а особено е потребна во првите денови. За да се спречи наглото одвојување од мајката и да се намали стресот и за мајката и за бебето, неонатолозите советуваат дека многу е важно бебето во првите часови и денови да биде што поблиску и да поминува што подолго време со мајката. Постојаното присуство на мајката и контактот кожа-на-кожа се од огромно значење за негова побрза и побезбедна адаптација на надворешните услови. За таа цел, д-р Душко Фидановски, неонатолог препорачува за време на престојот во болница бебињата да бидат сместени заедно со мајките. Ваквиот концепт е познат како Rooming In и се практикува во сите болници во светот.  „Аџибадем Систина“ го практикува овој концепт уште од самиот почеток, со што го доби и престижното признание – Baby friendly Hospital (Болница пријател на бебињата).

Бебињата родени во „Аџибадем Систина“ се згрижуваат по принципот Rooming in, што подразбира 24-часовен престој на новороденчето во собата со мајката. Делењето иста соба ја зајакнува психолошката врска меѓу мајката и бебето и овозможува побрзо воспоставување на доењето. Овој линк обезбедува мир, сигурност и безбедност кај бебето.

Зошто е важен  Rooming In концептот?

„Rooming In концептот ви помага да се подготвите за одење дома вам и на вашето бебе. Многумина очекуваат да се одморат по раѓањето и затоа настојуваат поголем дел од времето бебето да се чува во собата за грижа за новороденчиња. Но истражувањата покажуваат дека токму тоа да бидете од почеток со вашето бебе до вас ќе ви овозможи повеќе одмор и на вас и на вашето бебе и побрзо приспособување на понатамошните обврски. Тоа е идеалното време да се запознаете и поврзете со вашето бебе. Бебињата ги препознаваат гласот, мирисот и отчукувањата на срцето на своите родители. Вашето присуство му помага на вашето бебе да биде помирно и порелаксирано. Вие подобро ќе се подготвите за дома и ќе научите подобро да го препознавате однесувањето на вашето бебе.“ – објаснува д-р Фидановски.

Постојаното присуство на бебето до мајката ќе помогне мајката да научи како правилно да го негува и храни бебето, со постојана поддршка од медицински сестри.  Целта е побрзо адаптирање, едукација на мајките и стекнување на самодоверба за самостојна грижа на новороденчето.

Клучни се првите 5 дена за безбедна адаптација на бебето

Голем број истражувања потврдуваат дека во првите денови од животот близината на мајката е клучна за брза адаптација на новороденчето од секој аспект. Rooming In-концептот има бројни придобивки и за мајката и за новороденчето. Основната придобивка е заедничкото запознавање и адаптација. Чувајќи го до себе своето бебе, мајката се запознава со неговите навики, добива чувство на сигурност и се развива чувството за грижа и љубов. Покрај овие, бенефициите за мајката се:

  • Подобар квалитет на сонот
  • Поголема самодоверба во грижата околу бебето
  • Намалена можност за постпородилна депресија
  • Можност подобро да ги препознаете потребите на бебето
  • (потреба за спиење, вознемиреност, глад)
  • Побрзо воспоставување на доењето и подобрување на искуството со доење
  • Релаксираност и смиреност

Она што не може да се замени со ништо за бебето е близината на својата мајка. Така се чувствува најбезбедно и сигурно. Докажани се следниве предности кај новороденчето:

  • Подобар квалитет на сонот. Побрзо и полесно воспоставување на циклусот будност-сон
  • Подобра терморегулација. Контактот кожа-на-кожа придонесува за спречување на преладување на телото и одржување оптимална температура кај новороденчето во првите денови.
  • Помала вознемиреност и плачење
  • Стабилизирање на шеќерот во крвта
  • Побрзо развивање на рефлексот за цицање
  • Доењето се воспоставува побрзо, трае подолго и е полесно.
  • Намалување на хормоните на стрес.
  • Подобар имунитет. Преку контактот кожа-на-кожа, новороденчето доаѓа во контакт со бактериите од кожата на мајката, при што се развива отпорноста кон микроорганизмите.

Искористете го секој миг со вашето бебе

Доколку се породите по природен пат, новороденчето веднаш ќе биде ставено на вашата кожа. Родилките породени со царски рез, по завршувањето на оперативниот зафат и префрлување во собата на Одделот за неонатологија ќе имаат можност да бидат со своето бебе. Независно од начинот на породување, искористете го секој момент да го поминете со вашето новороденче. На тој начин ја зајакнувате вашата врска, која е од особена важност за понатамошниот период.

Rooming in за недоносени бебиња кои престојуваат во NICU

Rooming In-концептот е од голема важност и за предвременородените бебиња. Неговата цел е  да се овозмози 1-2 дена пред испис од болница, чести посети/престој на мајката со бебето со цел едукација за исхраната, нега, спознавање на навиките на бебето по однос на потребите за храна и хигиена, а сè со цел полесна адаптирање на самостојната грижа за бебето во домашни услови по испис од подолгиот престој во болница. За да се спроведе овој концепт, потребно е  бебето да има кардиореспиратона стабилност, воспоставен опимален дневно-ноќен ритам на исхрана и да толерира храна, добива во тежина.