Почетна » Блог » Бременост и новороденчиња » Затнување на млечните канали

Затнување на млечните канали

Сподели

Најчеста причина за затнување на млечните канали се скратените и нередовни подои, неправилното позиционирање (лоша поставеност) за време на подојот или постојан притисок од несоодветна облека. Ако мајката го ограничува траењето на подојот, времето што му е потребно на бебето да ги испразни градите, ако го скрати ноќниот подој, користи цуцла лажливка или се дава дополнителна исхрана (вештачко млеко), доведува до преполнување на дојките и зголемен ризик од појава на маститис. Разликата меѓу затнатите канали и инфекција на дојката е само еден степен. Затнатите канали се однесуваат на болна или осетлива дамка или грутка на дојката која не е придружена со покачена температура. Оваа состојба се јавува поради несоодветно испразнети млечни канали. Притисокот кој се јавува зад затнатиот канал предизвикува воспаление на околното ткиво. Вообичаено се јавува на едната дојка. Вашата дојка е болно осетлива и постои црвенило, обично странично. Доколку болката или грутката е придружена со треска, слабост, замор или изнемоштеност, станува збор за инфекција на дојката. Вообичаено се јавува на едната дојка и треба веднаш да побарате помош од лекар.

Совет

Без разлика дали болката е предизвикана од затнати канали или од воспаление на дојката, третманот е ист, топли облоги на вашите дојки, одмор, честа масажа на дојките и доење на болната страна. Најважно е да се обидете да немате долги паузи меѓу два подои. Обрнете внимание и на негата на брадавицата, но и регулирајте го стресот кој негативно влијае врз лактацијата на млекото.

Топлите облоги ја зголемуваат циркулацијата околу болното место. Може дасе користи и термофор или водена пареа. Во овие случаи помага и блага масажа во пределот на затнатите канали. Масажата почнувазад заболеното место (грутката) со кружни и нежни движења на прстите во правецот на брадавицата. За дасе ослободи затнатиот канал комплетно, по топлата бања и масажатасе препорачува доење или измолзување на млекото.

Честото доење ќе спречи преполнување на дојките и ќе овозможи лесен и слободен проток на млекото. Сè додека дојката е набрекната или топла на допир, охрабрувајте го бебето да цица, и тоасекогаш понудете ја болната дојка.

Одморот има значаен дел во лекување на затнатите канали и воспоставување лактацијата. Одложете ги дневните активности, посети и релаксирајте се. Ова е најубавиот миг во вашиот живот. Одморајте во полулегната позиција кога и бебето спие.

Најди доктор Закажи преглед Контакт