/Третман на хронично проширен хранопровод

Третман на хронично проширен хранопровод

Сподели

Aхалазија претставува неможност на мазните мускулни влакна кои се наоѓаат на хранопроводот нормално да се релаксираат, што доведува сфинктерот постојано да биде затворен. Според д–р Тони Јосифовски, абдоминален хирург, ваквата состојба доведува до проширување на хранопроводот. Нормалната мускулна активност на хранопроводот е намалена. На местото каде што се спојуваат хранопроводот и желудникот постои мускулен прстен кој се нарекува долен езофагијален прстен (сфинктер).

Нормално тој се опушта кога храната поминува кон желудникот. Кога ќе проголтаме храна долниот дел на езофагијалниот сфинктер останува затворен, со што се спречува преминот на храна. Кај луѓето кои имаат ахалазија нормалната мускулна активност на хранопроводот е намалена, и свинктерот останува затворен и храната не може да премине во желудникот. Овој проблем предизвикува оштетување на нервите на хранопроводот. Истите симптоми може да ги предизвика и карциномот на хранопровод или канцер на горниот дел од стомакот. Ахалазијата може да биде наследна. Доколку некој во семејството имал вакво заболување поголем е ризикот и вие да добиете ахалазија.

Симптомите се јавуваат со различен интензитет

Ахалазијата се карактеризира со потешкотии при голтањето, повраќање, а некогаш се јавува и болка во градите. Може да се појави на која било возраст, но најчесто се јавува кај луѓе на возраст помеѓу 25 и 60 години. Симптомите многу ретко се јавуваат во детска возраст. На почетокот интензитетот на симптомите е многу слаб, но како поминува времето станува поголем. Симптомите се јавуваат со различен интензитет, во зависност од степенот на стеснувањето на хранопроводот. Од 70% до 97% од луѓето имаат проблем со отежнато голтање на цврста и течна храна. Најчесто пациентите ги имаат следниве симптоми:
Дисфагија – отежнато голтање на течности и цврсти материи (пациентот оваа состојба ја објаснува како да има грутка во градите по консумација на храна)

Болка во градите која се зголемува по консумација на храна, па многу често луѓето поради болката прекинуваат со јадење 

Повраќање – кога храната ќе се заглави во проширениот хранопровод доаѓа до повраќање. Ако се случи во текот на ноќта додека пациентот спие, храната може да навлезе во душникот и белите дробови и да доведе до инфекција.

Кашлица во легната состојба.

Губење на телесната тежина – поради проблемите со голтање на храната голем дел од пациентите имаат проблем со нагло губење на телесната тежина. Во најголем број случаи не се знае при – чината за појавата на ахалазијата, но се смета дека делумно виновни за појава на оваа состојба се инхибиторните неврони.

Поставување диjагноза

Поради сличноста на симптомите многу често ахалазијата може да се помеша со гастроезофагијалната рефлуксна болест (ГЕРБ), хернија, па дури и со психосоматски заболувања. Физичкиот преглед може постави дијагноза за анемија или неухранетост. Tестови кои се користат за поставување дијагноза се снимање:
Mанометрија – тест за мерење на работата на хранопроводот, кој се спроведува со аплицирање на специјална сонда преку носот и со неа се мери притисокот во долни – от дел на езофагијалниот свинктер. Сондата ги мери мускулните контракции во различни делови на хранопроводот за време на голтањето.
Рендген – прво пациентот пие раствор со бариум и со помош на рендген се следи протокот на течноста низ хранопроводот. Во нормални услови перисталтиката на движење низ хранопроводот не се гледа.
EDG или горна ендоскопија, директна визуелизација на внатрешноста на слузницата на желудникот и хранопроводот со помош на флексибилна цевка на која е поставена камера.

Третман

Целта на третманот е да се намали притисокот на мускулите на сфинктерот и да се овозможи храната полесно да стигне во желудникот. Терапијата може да вклучи инјектирање на ботокс со што се релаксираат мускулите на сфинктерот, медикаментозна терапија или ендоскопски со балон дилатација. Хируршкото лекување е лапараскопско со засекување на мускулите надолжно од 5 до 7 сантиметри во долниот езофагус и дел од спојот со желудникот. Оваа интервенција за првпат во Р Македонија е изведена во 2004 година од д–р Тони Јосифовски.