Почетна » Блог » Фамилијарно здравје » 40 ИЗДАНИЈА, НАД 1.000 ТЕКСТОВИ, 200 УСПЕШНИ СТОРИИ

40 ИЗДАНИЈА, НАД 1.000 ТЕКСТОВИ, 200 УСПЕШНИ СТОРИИ

Сподели

Едукативно четиво за секој здравствен предизвик, можност за добивање одговори на многу прашања кои го засегаат здравјето на граѓаните, решенија, искуства, совети од најдобрите доктори. Списанието „АС Плус“ веќе има 40 изданија и своевиден значаен јубилеј. Низ многу статии обработивме детално најсовремени сознанија за болестите, дијагнозата, третманот и лекувањето, совети за пациентите. Десет години по првиот број, „Аџибадем Систина“ преку редакцијата која го издава, но и преку самиот финален производ докажа дека е сериозна болница која многу системски се посветува на здравјето, секако преку комплетен пристап, а меѓу сите услуги и со магазинот кој веќе е етаблиран, препознатлив меѓу пациентите и на пазарот. На почетокот многу ентузијастички, но со конкретна идеја дека „АС Плус“ ќе донесе точна и проверена информација, тогаш кога најмногу треба. Тимот имаше план да го издигне списанието до ниво да е препознатлив, но да е респектиран медиум во чии текстови граѓаните ќе имаат доверба и ќе им бидат од полза. Толку време подоцна медицинскиот уредник д-р Љупчо Стојковски вели дека целта е исполнета. „Се сеќавам кога во 2011 година, по иницијатива на Кристина Камчева-Стојческа, се формираше првата редакција на ‘АС Плус’. Тогаш на иста маса седевме доктори, новинари и маркетинг-соработници. Бурно и со неизмерна енергија дискутиравме за концептот, изгледот и содржината на магазинот што се создаваше. Денешниот јубилеј, четириесеттиот број на ‘АС Плус’, на сите ни изгледаше далечен и неверојатен. Можам со гордост да констатирам дека создадовме тримесечен магазин од областа на здравствената култура, препознатлив новинарски бренд присутен во секој дом. ‘АС Плус’ се етаблира како едукативно четиво кое со актуелноста и бројноста на темите дава огромен придонес во популаризацијата на заштитата, превенцијата и негувањето на здравјето на сите граѓани во овие тешки времиња, кога сите сме загрижени за нашето и здравјето на нашите блиски“, вели Љупчо Стојковски, медицински уредник на списанието. Околу 1.000 текстови за сите здравствени проблеми, над 200 успешни стории, многу информации, совети. „АС Плус“ е ризница на искуства и сознанија на најдобрите и најреномирани доктори во земјава и во регионот.

РЕНОМИРАНО СПИСАНИЕ ЕДУКАТИВНО ЗДРАВСТВЕНО ЧЕТИВО ЗА СИТЕ

„Почнавме со многу ентузијазам, а стигнавме до импресивни бројки на објавени статии, многу стории, многу успешни приказни, совети за граѓаните, помош за пациентите. На почетокот со многу мал тим но со голема желба да ги информираме луѓето како да се грижат за своето здравје. Овде на страниците на ‘АС Плус’ имаат можност да прочитаат одговори на многу дилеми кои ги засегаат. Многу сум горда, што списанието опстои 10 години на пазарот, но не само тоа, практично се дефинираше како најдобро четиво за сите граѓани. Од овој аспект велам дека ‘АС Плус’ ја постигна својата цел и опстана во време кога голем број печатени медиуми не успеаја. Интернет изданијата ги заменија печатените страници, вели Кристина Камчева-Стојческа.

Сиве овие години списанието го следи развојот на „Аџибадем Систина“, која моментно е една од најреномираните здравствени установи во овој регион – најмодерен здравствен центар. „АС Плус“ затоа е вистинската слика за вредностите кои се развиваат и негуваат во КБ „Аџибадем Систина“, вели Наташа Савова, директор на маркетинг. „Ова списание е пулсот на болницата и со секој нов број го докажува нашиот приоритет – важноста и грижата за здравјето на луѓето. Уникатно и препознатливо по богатата содржина, ‘АС Плус’ е значајно за нашите пациенти кои низ страниците ги раскажуваат своите емотивни, инспиративни приказни. Значајно е и за пошироката публика, која може да прочита бројни совети за важни медицински теми и проблематики. Со модерен, едноставен и внимателен пристап ‘АС Плус’ е и печат за припадност на сите наши вработени во тимот на кој сите сме горди“, вели Савова. „’АС Плус’ е производ на еден несебичен влог на сите вработени во болницата. Во магазинот партиципираат сите доктори од болницата, ги презентираме нивните најнови достигнувања, низ нивните искуства им помагаме на граѓаните да дојдат до последните информации за сите болести, за најсовремениот начин на лекување.

Сите овие години списанието се етаблираше во сериозен медиум, на ниво на светските реномирани здравствени списанија кои објавуваат најнови сознанија за сите здравствени предизвици во актуелниот момент“, вели Ѓорѓи Томиќ, главен уредник на „АС Плус“. Сашо Нефовски од „ОК идеја“, агенцијата која го дизајнира списанието, се грижи за неговиот развој и дистибуција, вели дека и тогаш и сега пазарот несомнено има потреба од списание кое нуди совети за здравјето и секојдневното живеење, подготвени од врвни доктори. „Уникатноста на ова списание е тоа што советите се практични четива, едноставни за читање и претставуваат вистинска поддршка за читателите. Исклучителниот квалитет на содржината и севкупно, изгледот и финалната изработка, ‘АС Плус’ го позиционираат како еден од најдобрите печатени медиуми во државата, по примерот на водечките светски магазини. Се работи за издание со одлична дистрибуција, па оттука сме уверени дека ќе стигне до рацете на читателите и ќе предизвика висок интерес со оглед на предизвиците кои ги носат денешните услови на живеење“, вели Сашо Нефовски „ОК идеја“. Светот се соочи сега со пандемија која човештвото не ја доживеало во поновата историја. Тоа беше дополнителен предизвик и за болницата и за сиот тим.

„АС Плус“ како никој друг медиум беше поддршка и информативна табла за сите граѓани и во сиот овој период, еден од најпредизвикувачките за сите граѓани, за целиот здравствен систем. Така ќе остане и во иднина, во сите предизвици. Сториите за успешните приказни кои се дел од магазинот се дополнителна инспирација за секој нов број. Во болницата, за среќа, вакви приказни има доста – низ нивните искуства се споделуваат среќни моменти, но се и доказ за стручноста, иновацијата во работењето, пионерски обиди за најсовремен третман на низа болести, стручни хируршки интервенции во кои „Аџибадем Систина“ е лидер. Списанието излегува еднаш на три месеци.

Најди доктор Закажи преглед Контакт