Почетна » Блог » Фамилијарно здравје » Детско здравје » ДЕТСКА КАРДИОХИРУРГИЈА ЕДИНСТВЕН ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ДИЈАГНОЗА И ТРЕТМАН НА СРЦЕВИ ПРОБЛЕМИ

ДЕТСКА КАРДИОХИРУРГИЈА ЕДИНСТВЕН ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ДИЈАГНОЗА И ТРЕТМАН НА СРЦЕВИ ПРОБЛЕМИ

Сподели

Новата Педијатриска болница во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е единствениот центар за лекување на децата во земјава во кој тие ја добиваат комплетната грижа – од дијагноза до терапија. Секако во болницата се опфатени сите специјалности, а центарот е единствен и по детскиот кардиохируршки оддел во кој се изведуваат најсложени интервенции на срцеви проблеми кај младата популација – од новороденчиња до адолесценти. Ова ја издигнува „Аџибадем Систина“ на врвот, во ранг на светските развиени болници. Детска хирургија, детска кардиохирургија со интензивен кардиохируршки дел, детска кардиологија, стационар. Болницата се издвојува по комплетната грижа. Имено, овде се изведува широк спектар на хируршки зафати кај децата – хирургија на новороденче и помало дете, детска дигестивна хирургија, детска урологија и детска реконструктивна урологија, детска траума, детска торакална хирургија, детска онколошка хирургија, детска пластична хирургија, детска неврохирургија, хирургија на уво, нос и грло кај дете и детска ортопедија. Со отворањето на Одделот за кардиохирургија, во болницата се изведуваат и најкомплицираните кардиохируршки интервенции. „Создадовме референтен кардиохируршки центар, првиот комплетно кадровски опремен во Македонија. Овде има дијагноза и третман на деца со вродени и стекнати аномалии. Единствено овде мултидисциплинарен пристап – рана дијагностика на срцеви проблеми уште во текот на бременоста. Создадовме интензивна нега која е единствена во нашата земја по својот капацитет. Првпат во нашата држава центарот нуди можност да ги згрижи сите деца од областа на детска хирургија и педијатрија за кои е потребно интензивен третман и реанимација“, вели доц. д-р Владимир Чадиковски, кардиохирург.

„Не секогаш е забавно да се зборува за детски болници. Без разлика колку е добра болницата, реалноста е дека многу млади луѓе се соочуваат со тешки болести. Детските болести, генетски или стекнати, може да бидат неверојатно комплексни и тешки за менаџирање, па болниците кои се занимаваат со педијатриска патологија мора да имаат богатство од специјализирани единици, најнови технологии и иновативни третмани при рака во секое време. ‘Аџибадем Систина’ е единствената болница во земјава што го има сето тоа. Можам со гордост да кажам дека сите што работат овде како сестри, доктори, детски хирурзи, анестезиолози, педијатри и друг помошен персонал се целосно посветени на една вредна цел, а тоа е да обезбедат квалитетна здравствена услуга за нашите мали пациенти“, вели д-р Мирјана Крмзова-Ѓорѓиовска. Кардиолошкиот дел е посебна приказна оти само во оваа болница аномалиите кај срцето се откриваат уште додека плодот е во утробата на мајката. На трудниците во болницата им се прават најсовремени прегледи кои се пред сè безбедни и за мајката и за плодот. Но тие се исклучително важни за откривање, односно рана детекција на срцеви аномалии на плодот. Тимот детски кардиолози изведува кардиолошки скрининг на новороденчињата и ехо на срце кај деца. Посебен акцент е ставен и на дијагнозата и третман на ревматолошки болести. Д-р Светлана Крстевска-Блажевска, педијатар кардиолог, вели дека освен дијагнозата се прави и современ третман. „Отворањето на новиот педијатриски амбулантски и ургентен центар зборува за нашата посветеност кон подобрување на условите за децата кои се лекуваат во нашата болница. Со новото лице на педијатриските амбуланти, се подобруваат условите за работа од областа на детската кардиологија и детската ревматологија. Заедно со новоотворениот оддел за детска кардиохирургија се овозможува редовно следење и конзервативен третман на децата со вродени срцеви мани, како и следење пред и по изведената кардиохируршка интервенција.

Ги подобруваме условите за навремена дијагноза и соодветен третман кај децата со ревматолошки заболувања со цел ублажување и избегнување на последици од оваа група болести“, вели д-р Светлана Крстевска-Блажевска. Д-р Драшко Димески вели дека отворањето на педијатрискиот кардиолошки оддел во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е целосно заокружување на тимската работа во третманот на вродените срцеви аномалии почнувајќи од најраната дијагностика со примена на феталната ехокардиографија до конечниот хируршки третман. Докторите кои се ангажирани во Одделот за кардиохирургија со кардиологија велат дека станува збор за оддел со најмодерна медицинска технологија која овозможува високопрофесионално 24-часовно згрижување и мониторирање на пациентите. Д-р Јорданка Маџовска вели дека желбата да се спаси живот порано била само желба – сега е реалност. „Можност и шанса за живот добиваат децата со најсложените вродени срцеви мани и многу други сериозни состојби. Стручен хируршки и кардиохируршки тим, искусни анестезиолози и врвен педијатриски тим од сите супспецијалности, максимално се посветени на најмладите пациенти, во најсовремени услови и опрема за лекување, исполнувајќи ги сите стандарди за успешно болничко лекување. Тимската работа и посветеноста кон секое дете е нашиот заштитен знак“, вели д-р Јорданка Маџовска. Во болницата се применува мултидисциплинарен пристап од дијагноза до постхируршко интензивно лекување, што е реткост и за болниците од регионот. На одделот се изведува хируршки третман на целиот спектар на вродени срцеви мани, кои најчесто се изведуваат во првата година во животот, како и понатамошно следење на овие пациенти. Со постоењето на инфраструктура и кадар одделот ќе биде во можност за првпат во нашата држава да ги згрижи сите деца од областа на детска хирургија и педијатрија кои побаруваат интензивен третман и реанимација од најрана возраст до 18 години. „Новиот педијатриски кардиохируршки центар на ‘Аџибадем Систина’ нуди одлични услови за пред и постоперативно следење на пациентите со вродени срцеви мани, како една од најкомплексните патологии во детска возраст. Човечкиот потенцијал, опремата и одличните услови за работа верувам дека ќе дадат одлични резултати и за пациентите и за медицинскиот тим“, вели д-р Ведран Стојановиќ. „Станува збор за современ, модерен и функционален нов педијатриски дел во склоп на ‘Аџибадем Систина’. Применуваме мултидисциплинарен пристап за безбедна, сигурна и целосна услуга како за најмалите пациенти така и за нивните родители. Впрочем, станува збор за комплетна грижа од самото раѓање“, вели д-р Весна Трпковска, кардиохиругија.

„Навистина ми е чест и задоволство да бидам дел од еден прекрасен тим кој успешно се справува со предизвиците на детската кардиохирургија. Новиот оддел за детска кардиохирургија е место каде што нашите мали пациенти ќе добијат навистина врвна здравствена нега и грижа, која сосема рамноправно се движи со светските трендови на детската кардиохирургија“, вели д-р Лилјана Малиновска-Николовска. Во тесна врска со Одделот за интензивна нега е сместен и болничкиот стационар, со цел постојан надзор од стручниот тим. Во него се спроведува најсовремена дијагностика и третман базиран на светски практикувани протоколи за лекување болести на децата. Стационарот содржи 2 болнички соби (апартмани) приспособени за престој на деца со придружба.

Најди доктор Закажи преглед Контакт