/Најсовремен центар за развојно следење во „Аџибадем Систина“: Се бориме за подобар и поквалитетен живот на секое дете

Најсовремен центар за развојно следење во „Аџибадем Систина“: Се бориме за подобар и поквалитетен живот на секое дете

Сподели

Педијатрискиот тим во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ секојдневно се соочува со деца кои имаат потреба од проценка, ран третман и интервенција. Ова беше повод да се отвори Центарот за рано откривање и третман на деца со пречки во развојот. Тимскиот пристап обезбедува на едно место обработка на детето, корелирање на добиените резултати и континуирано следење на ефектите од третманот. Нашата порака е дека секое сомнение на родителот и околината барем и незначително бара сериозен пристап и евалуација. Целта е да се постави дијагноза и колку е можно побрзо за да се почне со ран третман. Проценката мора да биде реална и соодветна на возраста, за што постојат точно утврдени стандарди. Сепак, најважно е секој родител да знае дека без оглед на сите видови медицински интервенции, што се потребни и секојдневно ги преземаме детето мора да има специјална едукација,односно да работи со дефектолог.

„Развојно доцнење е состојба кога детето нема развојни постигања соодветни за возраста. Благите развојни доцнења често сами по себе се губат и детето едноставно го надоместува заостанувањето преку позитивната стимулација од околината. Сериозното развојно доцнење укажува на постоење на нарушување во развојот или т.н. атипичен развој“, појаснува д-р Анета Демерџиева.

Нарушувањето може да се јави само во една или во повеќе сфери од однесувањето:грубата и фината моторика;говорот и вербалната експресија;социјално-емотивната сфера и развојно доцнење при когнитивните постигања, а според некои автори важна е и проценката на можноста на детето за самопомош и грижа за себе (почнувајќи од способноста за држење на шишето во доеначкиот период до водењето грижа за личната хигиена). Раниот третман на деца кои имаат отстапување во развојот е од исклучителна важност.
„Благовремениот почеток на третманот понекогаш комплетно го решава проблемот. Кај одредена категорија раниот почеток само ги намалува сериозните последици и значително го подобрува квалитетот на животот не само на нашите пациенти туку и на целото семејство.

Отстапувања во говорот  кај децата – најчест проблем во последните години

Развојното доцнење е состојба која треба да ја процени педијатар врз основа строго утврдени препораки.

„Вообичаено родителот е тој кој прв ги забележува отстапувањата кај сопственото дете врз основа на негово компарирање со врсниците. Токму затоа доколку мислите дека вашето дете е побавно од другите или едноставно не е како другите деца – поразговарајте со вашиот педијатар. Понекогаш очигледно е заостанувањето, но понекогаш е потребна подолга опсервација па дури и консултација со педијатриски невролог и супспецијалист по развојна педијатрија  со цел да се утврди точната слика за детето“, советува д-р Демерџиева.

Таа потенцира и дека понекогаш е потреба помош од дополнителни инструменти – скрининг-тестови за приближување до дијагнозата. Во последните години најчестите отстапувања се во сферата на говорот и социјалната комуникација со околината.

„Како педијатри кај децата кои имаатодредена аутистична симптоматологија правиме комплетна медицинска евалуација со цел да се дијагностицираат сите патолошки состојби кои може да имаат удел во развојот на таква клиничка слика. Педијатарот треба да  исклучи постоење на  многу невролошки болести, епилептични синдроми, метаболни нарушувања, генетски болести, оштетувања на видот и слухот. Иследувањата даваат време па затоа родителот се советува да веднаш да зпочне и работа со специјален едукатор, затоа што раниот третман независно од етиологијата значително го подобрува исходот“, појаснуваат детските невролози.

Мобилните, таблетите и компјутерите причина за развојно доцнење кај децата

За одредени состојби на развојно доцнење точно е дефинирана генетската предиспозиција. Најчесто, како што појаснуваат, се работи за мултифакториелност – покрај наследната предисозиција, огромен удел имаат и околните фактори, посебно огромната изложеност на децата на разни електронски помагала – таблети, мобилни телефони, компјутери, што практично создава услови на живот во имагинарен свет во кој детето нема потреба од комуникација со околината.

Иако развојното доцнење се манифестира рано во животот, сепак застој и регресија може да се јави во кој било период од детството. Причините можат да бидат најразлични:

– генетски фактори како Даунов синдром;

– перинатални проблеми (предвремено раѓање, родилна траума, асфиксија, неонатални инфекции)

– метаболни вродени или стекнати проблеми, посебно во склоп на тешки дехидратации;

– сензорни нарушувања како што се вроден или стекнат дефицит на слухот и видот;

– первазивни развојни нарушувања, посебно од групата на аутистичен спектар;

– проблеми при учењето;

– синром на дефицит на внимание и хиперактивност;

–  многу невролошки заболувања со или без ментална ретардација.

Д-р Демерџиева нагласува дека списокот на состојбите што можат да доведат до развојно доцнење е многу подолг и опфаќа уште цела низа на состојби како што се тешките хронични болести во детството, социјалната депривација, но и лошите социо-економски услови за живот што дестимулативно делуваат на детскиот развој.

Најсофистицирана апаратура за дијагноза и третман на развојно доцнење кај децата

Проценката на развојниот процес и неговите нарушувања се изведува според стандардизирани постапки и протоколи, со користење најнови апарати за ултразвучен, неврофизиолошки и неуроимиџинг иследувања.

Ехосонографски преглед на централниот нервен систем со современ апарат за ултразвучна дијагностика, електроенцефалографски приказ на мозочната функција со неврофизиолошка и видео регистрација со современ видео ЕЕГ-апарат. Магнетна резонанца со јачина 3 Тесла која овозможува суптилна дијагностика на неуроархитектониката.

Високостручен тим од супспецијалисти за развојно следење во „Аџибадем Систина“

Пристапот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е тимски. Се работи за многу чувствителна категорија на деца во чија обработка е потребен мултидисциплинарен пристап.

Тимот за рано откривање и третман на деца со пречки во развојот го сочинуваат двајца педијатриски невролози д-р Оливера Лековска и д-р Наталија Ангелкова,  кои прават проценка на невролошкиот статус на детето, комплетна невролошпка обработка и дополнителни снимања – ЕЕГ, магнетна резонанца, лабораториска и генетска проценка.

Д-р Анета Демерџиева е развоен педијатар и таа ја прави првичната проценка на отстапувањата од развојот и поставува сомнение за евентуална дополнителна педијатриска обработка (метаболен скрининг, лабораториска проценка, генетско тестирање, посебно кај деца со елементи за ментална регресија и ретардација, аудиолошки скрининг кај деца со проблеми во говорот и цела низа на дополнителни иследувања зависно од клиничката слика кај секој пациент индивидуално). Дел от тимот е и специјалеиот едукатотор и рехабилитатор  м-р Соња Јорданова Цацановска, која освен за дефектолошкиот третман е едуцирана и исклучително искусна и во логопедскиот третман.

„Раната дијагноза е битна поради рана интервенција, односно ран дефектолошки третман. Овој третман не може да биде заменет со ниту еден лек. Во одредени состојби тоа е основниот третман, а во одредени состојба само подршка на медицинскиот дел која гарантира постепено возвраќање на потиснатите функции. И наместо заклучок – родителот мора да биде информиран дека никој однапред не знае колкав е развојниот максимум кој може да се извлече од неговото дете. Но, едно е сигурно, доколку се третира ќе биде подобро. Децата се причината за нашето постоење и нашата  иднина. Нашиот тим поеднакво се бори за секое дете со пречки во развојот. Затоа што секое дете, без оглед на  степенот на развојното нарушување заслужува шанса за подобар и поквалитетен живот“, порачуваат од Тимот за рано откривање и третман на деца со пречки во развојот.