/Наспаните деца подобро учат

Наспаните деца подобро учат

Сподели

Наспаните дечиња многу подобро учат, повеќе се концентрирани за време на училишните обврски и знаењето подобро го меморираат. Недостигот на сон може да резултира со заборавеност и расеаност.

Истражувањата покажуваат дека децата што спијат помалку од девет часа се соочуваат со последици во училиште. Повеќето деца на седумгодишна возраст на кои им е скратен сонот, имаат помала способност да комуницираат и да ги решат основните математички задачи.

Недостигот на сон, исто така, влијае и на нивното пишување, граматика и разбирање, додека со памтењето и способноста за учење имале помалку проблеми.

Добриот и квалитетен сон се препорачува за интелектуален развој кај децата. Учениците кои спијат осум или девет часови покажуваат полоши резултати од оние кои спијат девет до единаесет часови. Денес постои голема причина за загриженост затоа што децата се постојано пред телевизорите, компјутерите и видеоигрите, а многу помалку важност се дава на тоа на спиење да одат во исто време секоја ноќ. Најидеално е кога децата би спиеле девет до девет и пол часови, кои се оптимални за когнитивен развој на децата во пред тинејџерската возраст.

На возрасните им е потребен шест и пол до осум и пол часови сон бидејќи под пет часови целосно е неприфатливо за функционирање на мозокот. Затоа:

–        Пред детето да заспие прочитајте му некоја книга или предложете му само да чита. Оваа активност ќе го опушти и релаксира, но и ќе ја поттикне навиката за создавање нови врски во мозокот кои се неопходни за концентрација.

–          Ритуалите како што се чаша топло млеко или чај пред спиење помагаат побрзо да заспиеме.

–          Важно е детето да спие во тишина и во добро проветрена просторија.