Почетна » Блог » Фамилијарно здравје » Истражувањата велат: љубовта се случува во мозокот, а не во срцето

Истражувањата велат: љубовта се случува во мозокот, а не во срцето

Сподели

Старите Египјани верувале дека срцето е извор на душата, емоциите и персоналноста. Аристотел истотака пропагирал дека срцето е извор на интелегенција, движењето и сензацијата. Низ историјата, па и до денешен ден срцето е  првиот синоним кога е во прашање љубовта. Но, бројни студии докажуваат дека љубовта е комплексна емоција која е предизвикана од 12 специфични делови на мозокот.

Хормоните на љубовта

Вљубеноста предизвикува нашето тело да ослобдува хемиски состојки кои се одговорни за доброто расположение и поттикнуваат специфични реакции. Внатрешниот елксир на љубовта е одговорен за зацрвенување на образите, потење на дланките и забрзано чукање на срцето кога сте во близина на саканата личност. Кога се заљубуваме доаѓа до зголемување на нивото на допамин, адреналин и норепинефрин во нашето тело. Допаминот предизвикува чувство на еуфорија додека адреналинот и норепинефринот се одговорни за срцебиењето и вознемиреност.

Бројни студии докажале дека љубовта го активира центарот на задоволство во мозокот бидјеќи кога сме заљубени протокот на крвта во овој дел од мозокот се зголемува.

Фразата „љубовта е слепа“ е навистина точна бидејќи во раната фаза на врската го идеализираме партнерот и ги гледаме само работите кои сакаме да ги забележиме. Луѓето отстрана имаат многу пообјективна и рационална перцепција за врската отколку самите партнери.

Три фази на љубовта

Постојат три фазаи на љубовта: страст, атракција и првирзаност. Страста е фаза во која под дејство на хормоните ја искусуваме желбата за одредена личност. Протокот на крвта во центарот одговорен за задоволство во мозокот се зголемува во втората фаза на атракција кога чувствуваме огромно прицврстување за партнерот. Ваквото однесување полека се губи при што настапува фазата на приврзаност кога телото развува толеранција на стимулансите на задоволство. Ендорфинот и хормоните вазопресин и окситоцин кои се изразени во фазата на приврзаност се одговорни за целокупното чувство на благосостојба и безбедност кои се погодни за долготрајна врска.

 

Најди доктор Закажи преглед Контакт