/Поставете си цели за новата година

Поставете си цели за новата година

Сподели

Кога сите би давале максимум од себе, би биле зачудени од резултатот“ – Томас Едисон

Сите ние во текот на годината постојано си задаваме некакви цели и тежнееме кон нивно остварување. Затоа кон крајот на годината, поставете си нови цели кои ќе ги реализирате во наредната. Сè што сте замислиле, а не сте успеале во старата нека се најде на врвот на приоритети.

Нова година, нова можност

Направете проценка до каде сте и што сте постигнале во минатата година, за да знаете каде сте застанале и каде треба да продолжите напред. Споделете ги своите цели и видете ги реакциите од другите. Велат ако знаете каде одите, секој пат ќе ве води таму.

Инвестирајте во себе!

Нашата цел е да инвестираме во себе и да се градиме како личности. Затоа и во наредната година продолжете да учите, инвестирајте во себе со полагање курс што се фокусира на личен напредок. Можете да посетувате курс за лидерство, јавно говорење, јога, па сè до учење јазик. Има толку многу опции!

Поминувајте помалку време на телефон

Зацртајте си цел дека во наредната година ќе поминувате помалку време на Фејсбук, Инстаграм или Јутуб. Слободното време наместо на телефон, користете го за со семејството да прочитате некоја убава книга или да погледнете убав филм.