Почетна » Блог » Фамилијарно здравје » Совети за справување со стрес за време на епидемија со коронавирус

Совети за справување со стрес за време на епидемија со коронавирус

Сподели

Нормално е да се биде тажен, под стрес, збунет, исплашен или лут за време на криза.
Контактирајте со вашите пријатели и семејството – разговорот со луѓето на кои им верувате може да помогне.

Ако мора да седите дома, живејте здраво – соодветна исхрана, спиење, вежбање и социјални контакти со саканите дома или по e-пошта и телефон со други роднини и пријатели.

Не користете тутун, алкохол или дрога за да се справите со емоциите. Ако чувствувате дека емоциите ве совладуваат, разговарајте со доктор или со психотерапевт. Имајте план за тоа каде би се обратиле и како би побарале помош за проблемите со вашето физичко и ментално здравје, доколку затреба.

Осознајте ги фактите. Соберете информации што ќе ви помогнат прецизно да го утврдите ризикот со кој се соочувате за да можете да преземете разумни мерки на претпазливост. Најдете си веродостоен извор на информации на кој можете да му верувате, како на пример сајтот на СЗО или некоја здравствена установа на која пласира точни информации.

Намалете ги загриженоста и вознемиреноста така што вие и вашето семејство помалку време ќе гледате или слушате медиумски содржини кои ги доживувате како вознемирувачки.

Искористете ги вештините што во минатото ви се покажале успешни во справувањето со тешки животни ситуации и применете ги истите за справување со емоциите за време на тешките моменти што со себе ги носи оваа епидемија.

 

Најди доктор Закажи преглед Контакт