/Неколку факти за ерекцијата

Неколку факти за ерекцијата

Сподели

1. Постојат три вида ерекција:

Рефлексогената ерекција што се јавува кога сте со партнерката, психогена при фантазирањето и ноктурната се јавува во текот на ноќта.

2. Алкохолот и пушењето се опасни непријатели

Младите кои страдаат од еректилна дисфункција не би требало да конзумираат алкохол и цигари бидејќи истите ги отежнуваат идните сексуални нагони.

3. Квалитетот на сонот игра важна улога

Доколку сте „ноќна птица“ и спиете помалку од шест часа, ни сексуалниот живот нема да биде одличен.

4. Приватност

Приватноста е битен фактор. Доколку машкото лице живее под ист покрив со родителите или други членови, тоа може да игра улога врз оваа состојба.

5. Ставање заштита

Честопати на машките им се случува во моментот кога ставаат заштита да им „одлета“ вниманието и сексуалната желба.

6. Апстинирање од мастурбација

Доколку неколку дена не мастурбирате, желбата за секс се зголемува и уживањето е поголемо. Трпението ќе се исплати.

7. Сексот и дебелината

Мажите кои имаат проблеми со килограмите имаат пониско ниво на тестастерон. Со цел сексуалниот живот да им биде поквалитетен потребно е да загубат некој килограм.