Почетна » Блог » Фамилијарно здравје » Здравје за жени » Иднината на естетската гинекологија – Еr:YAG ласер

Иднината на естетската гинекологија – Еr:YAG ласер

Сподели

Најсовремениот Еr:YAG ласер брзо, безболно и без компликации дава одлични резултати во третманот на голем број здравствени и естетски гинеколошки проблеми. Д-р Снежана Тимчева Цветковска, гинеколог-акушер во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, вели дека работата на овој ласер се базира на неаблативна фототермална стимулација на создавање нов колаген и негово ремоделирање во регионот на вагиналниот ѕид, влезот на вагината и околното ткиво на влезот на уретрата (vestibulum). Пациентките се изненадени од моменталниот ефект на подобрување на состојбата по првата сесија од третманот.

Вагинално подмладување  (рејувенација) со само 2 третмани

Револуционерниот ласер дава одлични резултати кај пациентки со атрофија на вагината (сувост на вагината и вулвата). Оваа состојба се јавува кај жени во менопауза поради недостиг на естроген, кај жени со отстранети јајчници и жени кои биле изложени на зрачна терапија. Како резултат на тоа пациентките имаат болни сексуални односи, намалено либидо и вагинално печење. Со третманот се постигнува создавaње нов колаген и збогатена васкуларизација на вагиналниот ѕид. По третманот, исчезнуваат симптомите на сувост, печење, болка.

Решение за стрес-инконтиненција без хируршки рез

Уринарната инконтиненција е неконтролирано испуштање на урината од мочниот меур дури и при најмал напор: кивање, кашлање, смеење… Ласерскиот третман е замена за хируршки третман за лесен до среден степен на стрес-инконтиненција. Со третманот се постигнува создавање и ремоделирање на нов колаген, што резултира со нормализирање на функцијата за задржување на урината во мочниот меур.

Решение за синдром на вагинална релаксација

Ласерскиот третман успешно го решава проблемот на опуштеност на карличното дно и вагиналниот канал. По третманот, вагиналниот канал се затегнува и задебелува.

Еr:YAG fotona xs dynamis ласер се користи и за третман на:

  • CIN промени
  • Генитални брадавици
  • Бенигни промени на вулва
  • Корективни интервенции (пластика) на вулва
  • Cystocellae (спад на мочниот меур)

Предности на ласерскиот третман:

  • Брз и безбеден (само 2 третмани во времетрање од 20-25 мин.)
  • Без хируршки рез и крвавење
  • Безболен
  • Без анестезија
  • Не остава лузни и нема несакани ефекти

Ласер-центар

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ работи ексклузивниот Ласер–центар, кој на неинванзивен начин нуди ефикаснорешение за голем број проблеми со кожата, уринарниот систем, здравствени и естетски гинеколошки проблеми. Опремен е со најновата генерација ласери кои со својата моќна технологија овозможуваат брз, ефикасен и безболен третман без несакани ефекти и компликации. Ласерскиот систем делува директно врз делот наменет за третман, без да го оштети околното ткиво, а ефектите се видливи по првиот третман. Со своите технолошка опременост, стручност и искуство Ласер–центарот е единствен специјализаран центар од ваков тип во регионот.

Стручен надзор од врвни специјалисти 

Во Ласер–центарот работи високопрофесионален тим специјалисти по дерматовенерологија, гинекологија и хирургија со долгогодишно искуство во оваа област. Целокупниот тим е едуциран за работа со ласер во светски реномирани медицински центри.

Безбедност и ефикасност на третманот 

Секој пациент добива индивидуален план за третман под надзор на стручно лице. Ваквиот пристап, овозможува безбедност и ефикасност, како и заштита од појава на компликации и несакани ефекти. Затоа, од голема важност е ласерските третмани да бидат изведени во релевантен медицински центар. Секое нестручно работење со ласер и работа во некомпетентни услови, може да предизвика сериозни последици по вашето здравје.

Најди доктор Закажи преглед Контакт