Почетна » Блог » Фамилијарно здравје » Здравје за жени » Ласерско подмладување на вагината

Ласерско подмладување на вагината

Сподели

Според статистиката околу 40% од жените на возраст над 35 години имаат некаква гинеколошка нелагодност или неволно испуштаат урина. Токму поради овие медицински состојби, во гинекологијата се воведе нова гранка – вагинално естетска хирургија. Д-р Бобан Сарџовски, гинеколог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, објаснува дека целта на вагиналното подмладување не е само подобрување на квалитетот на сексуалниот живот и враќање на самодовербата, туку и за подобрување на здравјето и квалитетот на животот кај жените.

Кои се најчестите причини што доведуваат до вагинална сувост?

Не е само возраста ризик фактор за појава на вагинална сувост! Преголемо количество на алкохол, недоволен внес на течности, стрес за време на менструалниот циклус, недоволна возбуда за време на сексуалните односи и менопаузата (бидејќи јајчниците произведуваат помалку естроген) се само дел од причините кои можат да влијаат на оваа состојба.

Многу често овие проблеми се јавуваат кај жените поради ширење на вагиналниот канал за време на породувањето, но и заради процесот на стареење. Појавата на сувост и неконтролирано мокрење пак се препишува на менопаузата.

Револуција во гинеколошките третмани

Безбедно, брзо и едноставно, без хируршка интервенција. Иднина во гинекологијата сега достапна со Er:YAG лаер кој термички делува врз ткивото на вагината и го стимулира ремоделирањето на колагенот и производство на нов колаген околу вагината. Ласерската интервенција е сигурна и без несакани ефекти кои често се јавуваат при приимена на други методи кои се користат за затегнување и стеснување на вагиналниот канал.

Подготовка

Пред почетокот на ласерскиот третман пациентката неопходно е да има реализирано гинеколошки преглед и уреден вагинален брис, ПАП тест и колпоскопски преглед. Вашиот гинеколог може да ве советува да престанете со пушењето две недели пред ласерскиот третман, бидејќи никотинот ја успорува циркулацијата. Исто така треба да пиете многу вода неколку дена пред интервенцијата.

Како се изведува постапката?

Изведбата на постапката најмногу потсетува на гинеколошки преглед. Гинекологот низ вагината го внесува ласерскот кој е во облик на вагинална ултразвучна сонда, усмерувајќи ги подеднакво ласерските зраци насекаде. Доколку пациентката нема стрес-инконтиненција постапката трае околу 30 минути, а доколку има тогаш времетраењето на интервенцијата е 1 час. Интервенцијата се прави по менструален циклус, а се повторува во 2-3 циклуси со растојание од 15-30 дена. Шест месеци по последниот третман, можно е повторно да се направи корективен третман доколку има потреба.

Контраиндикации

Контраиндикации за изведба на вагинално подмладување се бременоста, активни инфекции, дисфункционални и органски крвавења од гениталниот тракт, повреда на слузикожата или карцином.

Предноста е што нема резови, конци и оштетување на здравото ткиво. Уште една позитивна страна на ласерскиот третман е шти нема постоперативно опоравување, а единствено се забранети сексуалните односи две недели по интервенцијата.

Резултати

Резултатите по изведената интервенција покажуваат затегнување на вагината, подмладување на ѕидовите, подобрување на квалитетот на секссуалниот живот. По интервенцијата пациентките може веднаш да се вратат на секојдневните активности. Истражувањата покажуваат дека пречникот на вагината по интервенцијата е намален за 17%.

Едно британско истражување пак покажало дека иако секоја петта жена страда од сувост на вагината – состојба која го прави сексуалниот чин болен, непријатен а понекогаш и многу отежнат. Дури 90% од овие жени се срамат да побарат помош за својот проблем.

Најди доктор Закажи преглед Контакт