Почетна » Блог » Фамилијарно здравје » Здравје за жени » Опаѓање на коса кај жените

Опаѓање на коса кај жените

Сподели

Помислата дека губењето коса е единствено машки проблем е погрешна. Дури 40 отсто од луѓето кои имале привремен или долгорочен проблем со губење на косата се жени. Кај некои, овој проблем се јавува на целата глава, а кај други само на централниот дел на главата.

За секоја жена  е стресен моментот кога ќе погледне во четката за коса и ќе види поголем број опаднати влакна од вообичаено. Оваа состојба најчесто се јавува по годишните одмори, при промена на сезоната или по бременост. Чинот на опаѓање на косата влева страв од оќелавување. Истражувањата покажуваат дека овој проблем го има 1 од 4 жени. Многу често косата е таа којашто прва страда кога телото е вознемирено, кога мора да се бори со одредени болести или кога од резервите ќе извлече материја која му е потребна. За проблемот со женската ќелавост разговаравме со доц. д-­р Андреј Петров, дерматолог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Опаѓањето на косата може да биде физиолошки очекувано, како и патолошки кога е знак на одредени болести. При утврдување на видот на болеста која го предизвикува првенствено се раководиме од клиничката слика, односно типот на алопеција кој е присутен.

Преглед, па третман

Кога ќе забележите дека дневно ви паѓаат повеќе од 100 влакна, време е да направите консултација со дерматолог. Доколку се заклучи дека е женски тип на опаѓање на косата, се
степенува сериозноста според Лудвиг и се советува соодветна терапија. Доколку се постави дијагноза за полицистични јајчници со ехо на гинеколог и се направи хормонален статус,
како и проверка на нивото на железо во крвта и на други минерали и витамини, во третманот на почетокот се вклучуваат локални препарати како минохидил, локален естроген, шампон за стимулација на растот на косата.

Природен начин

Втора можност е ПРП ­апликација во кожата на главата на пречистена плазма од пациентот богата со тромбоцити. Крвната плазма содржи активни фактори на раст кои ја стимулираат косата да расте. Овој метод е погоден и за мажи и за жени кои сакаат на природен начин да добијат бујна коса без хируршки интервенции. ПРП­ апликацијата освен што го подобрува изгледот ја враќа и самодовербата.

ФУЕ-метод

Трета можност кај напреднатите случаи во стадиум III е трансплантација на коса со ФУЕ ­методот. При изведба на оваа постапка се префрла коса од местата каде што ја има повеќе во региите каде што таа е опадната и тоа со метод влакно по влакно и со локална анестезија, без оперативен рез и конци. Таа префрлена коса не може да испадне повторно бидејќи тие влакна немаат 5­алфа редуктаза рецептори за тестостерон кој го предизвикува опаѓањето
на косата. Крајниот резултат од интервенцијата е изедначена прераспределба на косата, како и природен изглед и волумен при што не се забележува разлика меѓу старата и новата коса.

 

Најди доктор Закажи преглед Контакт