/7 начини како стресот „удира“ по вашето тело

7 начини како стресот „удира“ по вашето тело

Сподели

Стресот е дел од животот. Понекогаш се манифестира како мотивација потребна за да ги исполните роковите или кога треба да се покажете во најдобро светло. Но, неконтролиран и стрес кој трае подолг период може да направи пустош низ вашето тело, и да резултира со болка и други симптоми.

Стресот се манифестира на многу места на вашето тело:

1. Мускули и зглобови

Стресот може да предизвика болка и затегнатост во вашите мускули, како и грчеви. Може да доведе до влошување на многу болести како артритис и други состојби. Ова е последица на тоа што стресот ја намалува толеранцијата за болка.

2. Срце и бели дробови

Од премногу стрес хормонот кортизол може да ја влоши состојбата со вашето срце и белите дробови. Тоа доведува до болести на срцето, мозочен удар, висок крвен притисок и астма. Доколку чувствувате болка и стегање во градите, консултирајте се со доктор што е можно побрзо за да бидете сигурни.

3. Кожа и коса

Доколку имате проблеми со кожата како егзема, росацеа или псоријаза, стресот може да ги влоши. Може да доведе до чешање, претерано потење па дури и губење на косата.

4. Стомак

Стресот влијае и на вашиот дигестивен систем од едноставни симптоми како болка, дијареа и запек, до сериозни состојби како синдром на нервозно црево или рефлуксна болест.

5. Рамена, глава и вилица

Докторите велат дека се „тензичен триаголник“. Стресот може да предизвика напнатост, главоболки, стегање во вратот и вилицата, грчеви во вратот и рамениците.

6. Имунолошки систем

Потребен ви е силен имунолошки систем за да се борите со болестите. Но стресот ги намалува природните одбранбени механизми на телото. Ве прави поранливи и многу лесно се разболувате. Стресот, исто така, може да ги влоши автоимуните болести како лупус или воспалување на цревата.

7. Менталното здравје

Стресот може да придонесе за депресија и да го намали вашиот ентузијазам за секојдневните активности – од хобија до секс. Луѓето исто така кога се под стрес имаат тенденција да се хранат лошо и да вежбаат помалку, што само ги зголемува симптомите.