Почетна » Блог » Хронични заболувања » Дали да вежбате со настинка и грип?

Дали да вежбате со настинка и грип?

Сподели

Дојде периодот на настинки и грип. Доколку сте настинале и се прашувате дали да продолжите со тренингот, одговорот е не! Но, секако, не ја заборавајте оваа добра навика. Веднаш стопирајте со тренингот доколку сте настинати. Телото треба да ја зачува енергијата и да ја насочи кон подигнување на имунитетот. Но, имајте на ум дека со прекинување на тренингот се намалува производството на глутамин (есенцијална амино-киселина) која е неопходна за да се зајакне имунолошкиот систем.

Консумирајте повеќе протеини  бидејќи тие се богати со имуноглобулин, кој помага за зајакнување на имунитетот.

Хранете се здраво и држете се подалеку од слатката храна бидејќи таа може да само да ви пречи.

Зголемете го внесот на витамин Ц и витамин Е, кои се многу јаки антиоксиданси.

Пијте повеќе течности и не дозволувајте да дехидрирате.

Погрижете се да имате добар сон, одморот е многу значаен за добар имунитет.

Консултирајте се со лекар, можеби ќе ви е потребна и терапија за полесно да ја пребродите настинката.  Колку побрзо се јавите на лекар, толку полесно ќе оздравете и ќе се вратите на тренинг.

Кога симптомите на настинката ќе престанат и ќе се почувствувате подобро, можете да се вратите на вашиот секојдневен тренинг. Првиот ден поминете само 20-30 минути на статичен велосипед, а следниот тренинг нека трае само 60% од вашиот секојдневен тренинг. Веќе од третиот ден можете да продолжите со истиот интензитет.  

Најди доктор Закажи преглед Контакт