/Грип или настинка

Грип или настинка

Сподели

И грипот и настинката можат да ве направат да се чувствувате мизерно. Но, можат да бидат предизвикани од различни причинители и места. Експертите подолу ни објаснуваат како да ги разликуваме.

Грип

Виновник

2 типа на инфлуенца вирус

Ги напаѓа носот, грлото и белите дробови

Пренесување

Преку вдишување или контакт со контаминирана површина

Симптоми

Треска, болки, грозница и замор. Исто така, може да предизвика главоболка, болки во грлото и груба кашлица. Кај децата може да се јават симптоми на повраќање и дијареа.

Краен резултат

2 -4 дена во кревет. Може да доведе до бронхитис, синуси или воспаление на увото, пневмонија. Понекогаш може да биде потребна итна хоспитализација, а во многу ретки случаи и смрт.  Бременоста, хроничната медицинска состојба, како и староста ги зголемуваат ризиците од дополнителни компликации.

Превенција

 Годишна вакцина за сите деца кои имаат над 6 месеци, посебно за бремените жени и оние кои имаат проблеми со белите дробови од типот на астма или хронично опструктивно белодробно заболување.

Лекување

Лежење во кревет, течности и лекови препорачани од доктор. Антивирални лекови можат да го скратат времетраењето на грипот доколку се земат навреме.

Настинка

Виновник

Повеќе од 200 типа риновирус

Ги напаѓа носот и грлото

Пренесување

По пат на вдишување или контакт со контаминирана површина

Симптоми

Растечен нос, кивање, назална конгестија. Често е проследена со болки во грлото, блага кашлица, благи болки и замор. Кај малите деца може да се јави треска.

Краен резултат

Може да трае од 1 до 3 недели

Превенција

Постојано миење на рацете. Внесот на витамин Ц може да го скрати времетраењето на настинката.

Лекување

Препишани лекови