Почетна » Блог » Хронични заболувања » Најчести причини за хроничен замор

Најчести причини за хроничен замор

Сподели

Недостигот на сон не е единствената причина поради која луѓето се чувствуваат изнемоштени и заморени. Еве неколку лоши секојдневни навики кои ви ја одземаат енергијата.

Не внесувате доволно вода

Дури и да сте малку дехидрирани, односно ако имате во организмот само два проценти помалку течности од потребната количина, ќе бидете уморни. Дехидратацијата предизвикува намалување на волуменот на крвта поради што таа станува погуста, па кислородот и хранливите материи побавно доаѓаат до мускулите и ткивата во организмот.

Имате недостиг на железо

Недостигот на железо може да предизвика чувство на бавност, раздразливост, слабост и да ја смали концентрацијата. Ќе осетите замор бидејќи помала количина кислород патува низ крвните садови. Внесот на железо може да се зголеми преку внесување говедски месо, грашок, тофу, јајца, темнозелени листови зеленчук, јаткасти плодови и сите овие во комбинација со намирници богати со витамин Ц бидејќи тој ја подобрува апсорпцијата на железо.

Го прескокнувате појадокот

Храната која ја јадете е гориво за вашето тело, а кога спиете, организмот и натаму го користи тоа што сте го внеле за вечерата. Затоа, кога ќе се разбудите, повторно треба да „внесете гориво“, односно да јадете. Доколку го прескокнете појадокот, ќе се чувствувате тромаво. Појадокот треба да вклучува здрави масти, житарици и немасни протеини.

Брза храна

Храната која е преполна со шеќери и прости јаглехидрати, а можете да ја најдете во рестораните за брза храна, има висок гликемиски индекс, што може да биде показател дека брзо се зголемуваат шеќерите во крвта. Постојаните осцилации на шеќер во крвта можат да предизвикаат замор во текот на денот. Добар избор на храна би биле пилешкото месо, интегралниот ориз, лососот, млади компири, салати, овошје итн.

Гледајте негативно на секоја работа

Можеби ви делува чудно, но психолошкиот фактор и тоа како влијае на физичката сила. Секој пат кога шефот ќе ве повика на разговор  мислите дека ќе добиете отказ. Не се возите со велосипед бидејќи се плашите дека ќе ве удри автомобил. Во секоја ситуација го очекувате најлошото. Ова може да ве „парализира“ и психички да ве исцрпи.

Најди доктор Закажи преглед Контакт