Почетна » Блог » Хронични заболувања » Победете ја несоницата

Победете ја несоницата

Сподели

Многу луѓе имаат проблеми со заспивањето, често се будат и не се одморени. Можете со часови да гледате во таванот и да не заспиете. А следниот ден сте уморени, ненаспани, нервозни и напнати. Несоницата е голем проблем, но и за неа има решение.  

1.Направете распоред на спиење 

Вашето спиење можете да го подобрите доколку направите распоред. Определете време кога ќе одите во кревет, кога ќе се будите и не правете драстични промени. Стручните лица советуваат дека најдобро е да спиете од 6 до 8 часа. Избегнувајте за викендите да седите до многу доцна, така ќе го смените распоредот и ќе бидете ненаспани. 

2. Одморете се пред спиење

Неколку часа пред да одите на спиење добро одморете се и престојувајте во тивка просторија. Слушајте релаксирачка музика, читајте книга или опуштете се со топла бања.

3. Насочете го вниманието

Не дозволувајте работите околу вас да ви го одвлекуваат вниманието откако ќе си легнете. Извадете го часовникот кој отчукува, ставете го мобилниот телефон на нечујно, исклучете го телевизорот.  

4. Научете како да се опуштите

Практикувајте техники за релаксација, како медитација, јога или пилатес, кои ќе ве смират од напнатиот и напорен ден. Научете и да се справувате со стресот и легнете си опуштени.

5. Внимавајте што јадете и пиете  

Сите знаеме дека кафето е непријател на добриот сон затоа што содржи кофеин. Па, многу луѓе го избегнуваат во попладневните и вечерните часови. Но, освен кафето, потребно е да се избегнуваат и чоколадото, газираните пијалоци и зелениот чај, затоа што и тие кријат со себе кофеин.

Најди доктор Закажи преглед Контакт