Почетна » Блог » Хронични заболувања » Променливото време ја зголемува честотата на мозочни удари

Променливото време ја зголемува честотата на мозочни удари

Сподели

Мозочниот удар е трета причина за смртност и прва причина за инвалидитет во развиените земји. Според светските статистики на секои 45 секунди се случува по еден мозочен удар, а на секои три минути умира по еден човек во светот како последица од мозочен удар. Дополнителен проблем за зачестеноста на мозочните удари преставува и променливото време.

Мозочниот удар претставува изненаден губиток на функцијата на одреден дел од мозокот заради нарушена циркулација. Ако мозокот е оставен 5 минути без крв доаѓа до неповратно оштетување и изумирање на мозочните клетки. Мозочниот удар се јавува поради крвавење од крвен сад во мозокот или заради затнување на артерија во мозокот (инфаркт на мозокот). Инфарктите значат прекин на циркулација во одредена артерија (или вена) заради нејзино затнување од тромб.

Превенцијата клучна во намалување на мозочните удари

Симптомите на мозочниот удар зависат од големината на крвниот сад кој е зафатен и од локализацијата на мозочниот удар. Тие можат да бидат минимални и занемарливи како што се трнење на половина од телото, лесна одземеност на одредена група мускули или нарушен говор, но можат да бидат и многу брутални како комплетна одземеност на рака, нога, губиток на свест и коматозна состојба. Како најчести ризик фактори кои доведуваат до мозочен удар се срцевите заболувања, артериосклерозата, покачениот крвен притисок, нарушен ритам на срцевата преткомора, шеќерната болест, зголемено ниво на масти во крвта или пушењето.       

Превенцијата, односно лекувањето на овие состојби во голема мера може да го намали ризикот од настанување на мозочен удар. Ако кај пациентот веќе се развил мозочен удар потребно е ургентно дијагностицирање и лекување. 

Најсвремени дијагностички процедури и третмани на мозочен удар

Современите апарати како што се компјутеризирана томографија и магнетна резонанца овозможуваат да се види развитокот и да се воочи зафатениот дел на мозокот. Раната дијагностика овозможува правовремено започнување на соодветна терапија. Времето од јавување на првите симптоми на мозочно страдање  до доаѓање во болница е приоритет број еден за брз, ефикасен и успешен третман на пациенти со мозочен удар.

Најди доктор Закажи преглед Контакт