/5 работи кои треба да ги направите пред да почнете со третманот на канцер

5 работи кои треба да ги направите пред да почнете со третманот на канцер

Сподели

Доколку треба да почнете со лекување канцер, има неколку начини за да се подготвите. Со тоа ќе ја победите несигурноста и анксиозноста, кои често се дел од третманот.

Без разлика на сѐ, запомнете дека за вашето здравје одговорни сте – вие! Еве пет работи кои ќе ви помогнат во лекувањето:

1. Прашајте го вашиот доктор за позитивните и негативните страни

Без разлика дали се соочувате со хемотерапија, радиотерапија или операција, треба да знаете што да очекувате. Многу луѓе одат на лекување на канцер без претходно да ги знаат можностите. Поради тоа, доколку се случи најлошото сценарио, тие не знаат што да прават. Докторот може да ви помогне да се подготвите за лекувањето со тоа што ќе ви ги објасни кои се позитивните, а кои негативните страни од лекувањето.

2. Едуцирајте се

Пациентите не треба да се обесхрабруваат по поставувањето на дијагнозата и третманот низ кој треба да поминат. Постојат повеќе начини кои ќе ви помогнат да се едуцирате и да се подготвите.

3. Бидете активни

Од вашиот доктор побарајте ги сите информации околу симптомите и болеста. Мислете на тоа како на финансиски советник кој го плаќате за неговата експертиза да ги средува вашите инвестиции, но парите се ваши и вие сте шефот.

4. Направете проверка

Доколку се сомневате во вашите резултати, побарајте второ мислење. На тој начин ќе се ослободите од сите сомневања.

5. Побарајте поддршка

Информациите од интернет искористете ги само како појдовна точка. Ниту една информација што ќе ја прочитате не може да го замени разговорот со вашиот специјалист. Паметните пациенти прво собираат информации па потоа ги носат кај нивниот лекар и прашуваат “што мислите?“