Почетна » Блог » Канцер » ДОКОЛКУ СЕ ДИЈАГНОСТИЦИРА НАВРЕМЕ, ШАНСИТЕ ЗА ИЗЛЕКУВАЊЕ СЕ ОГРОМНИ

ДОКОЛКУ СЕ ДИЈАГНОСТИЦИРА НАВРЕМЕ, ШАНСИТЕ ЗА ИЗЛЕКУВАЊЕ СЕ ОГРОМНИ

Сподели

МРСНАТА ХРАНА И ПУШЕЊЕТО МОЖАТ ДА ПРЕДИЗВИКААТ КАРЦИНОМ НА ПРОСТАТА

Доколку се открие навреме и со навремена терапија, карциномот на простата може да биде излекуван во 98% од случаите. Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ дијагнозата се добива во најкраток можен рок, прегледите се извршуваат со користење на најсовремена дијагностичка технологија, а пациентите добиваат индивидуален пристап во лекувањето од страна на врвен експертски тим.

Простата е жлезда што се наоѓа веднаш под мочниот меур и која припаѓа на машкиот репродуктивен систем. Карциномот на простата е индивидуална болест чиј малиген потенцијал не може секогаш да се предвиди и како бавнорастечки тумор, понекогаш се потребни 10 до 15 години за да се манифестираат првите симптоми. Најчести метастази се во коските и лимфните жлезди. Како и кај другите канцери, и при канцерот на простата нејасно е што точно ја предизвикува болеста, но научниците сметаат дека голема улога во тоа играат генетичките и хормоналните фактори.

Физичката активност и здравата исхрана, најдобра превенција од карцином на простата

Урологот д-р Даниел Петровски од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ како најголеми ризик-фактори ги посочува возраста, семејната историја, дебелината, прекумерното консумирање мрсна храна и црвено месо и пушењето. Дел од ризик факторите, за среќа, како што вели д-р Петровски, може да се контролираат, а тоа се исхраната и физичката активност и советува да се избегнува прекумерно консумирање мрсна храна и црвено месо. Но, постојат и ризик-факторите кои, за жал, не може да се контролираат, а тоа се возраста и семејната историја. Можноста од појава на карциномот на простатата се зголемува пропорционално со годините. Иако шансите да се добие рак на простатата нагло се зголемуваат по 50-тата година, д-р Петровски порачува со превентивни прегледи да се почне веќе од 45-годишна возраст. Дополнителен ризик-фактор е и генетската предиспозиција, доколку некој од семејството го имал ова заболување или повеќе од еден роднина имал карцином на простата.

Најчестиот симптом за карцином на простата е крв во урина

Карциномот на простата  во рана фаза обично не дава никакви симптоми, вели д-р Петровски. Со развојот на болеста, се појавуваат и првите симптоми, како зачестено уринирање, особено во текот на ноќта, тешкотии при започнувањето или запирањето со уринирање, испуштање слаб млаз урина, чувство на болка и печење при уринирање или крв во урината или во спермата. Кај пациентите кај кои болеста е во напредно ниво, првите знаци се болки во грбот и во ‘рбетот. Според Urology Care Fondation, простатичниот карцином се наоѓа на второто место како канцерска болест причина за смрт кај машката популација во САД. Кај 1 од 7 мажи се дијагностицира карцином на простата за време на животот. Она што е од исклучителна важност, додава д-р Петровски, е брзото и ефикасно дијагностицирање на простатичен карцином. Годишно од болеста заболуваат околу 70 нови пациенти, а дури 90% се откриваат во доцна фаза кога потполно излекување не е можно. Затоа, д-р Петровски укажува дека доколку се открие навремено и со навремена терапија, карциномот на простатата може да биде излекуван во 98% од случаите. Оттука, мажите треба да бидат свесни за неопходноста од редовни прегледи кај уролог.

Карциномот на простата се третира со хирургија и радиотерапија

Пациентите кои имаат семејна историја за карцином на простата, како и кај пушачи, превентивните  прегледи, кои се состојат од ехо и ректален преглед на простатата, треба почнат да ги прават од 40-годишна возраст. Покаченото ниво на ПСА може да укажува на зголемен ризик од канцер. Но, овој тумор-маркер може да има зголемени вредности во крвта и при воспаление на простата, нагласува д-р Петровски. Биопсијата, исто така, е еден од дијагностичките методи. Процедурата е едноставна и се состои во тоа што на соодветен начин се земаат примероци од ткивото на простатата и е најефикасна метода за откривање на канцерот и за одредување на стадиумот.

По одредувањето на стадиумот на болеста, урологот го посочува најдобриот третман откако ќе ги земе предвид возраста, општото здравје, колку брзо расте карциномот и дали метастазирал. Во Центарот за онкологија и радиотерапија пациентите  ја добиваат дијагнозата за многу кратко време и се изведува со најмодерна технологија. Онколошкиот конзилиум од доктори специјалисти од различни области во рамки на овој центар ги нудат најдобрите опции за третман на пациентите. Во третмани за локализиран рак на простата се вбројуваат хирургијата и радиотерапијата. Ако ракот се проширил надвор од простатата, може да се користи хормонска терапија, која има за задача да го намали растењето на канцерозните клетки. Овие лекови или хормони го блокираат произведувањето на тестостерон и на другите машки хормони наречени андрогени. Како дел од лекувањето е хемотерапија и зрачна терапија. При третманот со хируршка интервенција станува збор за радикална простатектомија, која може да се изведе на класичен начин, лапароскопски или со роботска хирургија.

 

Најди доктор Закажи преглед Контакт