Почетна » Блог » Канцер » Границата на појавување карцином на женските репродуктивни органи се поместува и пред пубертет: Интервју со д-р Никола Баџаков

Границата на појавување карцином на женските репродуктивни органи се поместува и пред пубертет: Интервју со д-р Никола Баџаков

Сподели

Болката не е примарен и главен симптом кај скоро сите карциноми на репродуктивните органи кај жената, но доколку се појави одредена состојба тогаш веќе е задоцнето со дијагностика, посочува во денешното интервју, д-р сци мед Никола Баџаков, специјалист гинеколог во приватната клиничка болница Аџибадем Систина. Според неговото долгогодишно искуство во третманот и лекувањето на карциномите на репродуктивните женски органи, нагласува дека кај жената може да бидат опфатени со карцином сите органи почнувајќи од вулвата, вагината, грлото на матката и самата таа, тубите, јајниците.

-За жал границата на појавување карцином на женските репродуктивни органи се поместува и пред пубертет, кој во деншно време се јавува порано заради социјално, ментално, сексуално созревање на девојките

Што се однесува пак до успешноста на лекувањето, д-р Баџаков вели дека тоа зависи од повеќе фактори.

Во една прилика министерот за здравство Венко Филипче, во момент кога имавме преполни болници и до 1.500 пациенти хоспитализирани поради компликации од ковид напомена дека никогаш порано светот не се соочил со лекување на само една патологија во болниците. Дали за сметка на изминатава година и пол кога светот живее во пандемија на корона вирусот во пораст се малигните заболувања?

Д-р Баџаков: Немаме вистински податоци од релевантни институции во светот за пораст на малигните заболувања. Почетокот на пандемијата од ковид беше шокантен на секаде, но високо организираните општества брзо се снајдоа заради високата свест дека примарно е здравјето на луѓето. Паралелно се одвиваа акциите кон корона вирусот, не заборавајќи ја хронично болната популација, секако и малигните заболувања.

Во контекст на ова, и секако во контекст на вашата специјалност, дали има пораст и на малигните заболувања на репродуктивните органи кај младите девојки и жените?

Д-р Баџаков: Во нашата држава за жал од 80-те години на минатиот век, не постои Регистар за малигни заболувања на репродуктивните органи кај жената. Тогаш со инијацитива и реализација од Гинеколошката клиника во Скопје, потпомогната и од други институции и општествени фактори во Македонија, беше ефектуиран и со успех функционираше Регистарот. Бидејки се бавам со оперативна гинеколошка онкологија, во приватната клинича болница “Аџибадем Систина“, пациентките со релевантни податоци постојат само во мојот личен регистар, кој ми е неопходен за пациентките со малигни заболувања на гениталиите. Ако има пораст,  бара темелна анализа на  факторите кои довеле до тоа, дали тука има влијание моменталната организација во јавното здравство со пандемијата и другите зболувања, дали целокупната организираност на општеството во оваа состојба и предходно, дали доаѓа циклусот на влијание од бомбардирањето во околината пред 2 децени, дали има влијание животниот стандард на граѓаните, ако статистички тој е опаднат, дали има влјијание гојазноста, пушењето, стресот. Одговорите не се добиваат од индивидулна анализа на поединечна здравствена институција.

Кои се најчестите карциноми кои може да се јават кај женската популација?

Д-р Баџаков: Сите органи кај жената се опфатени со карцином, почнувајќи од вулвата, вагината, грлото на матката и самата таа, тубите, јајниците. Според возраста на пациентката, има разлика во честотата на појавувањето кај гениталните органи на жената. Сепак според светските статистики, кои не се различни ни кај нас, најчест е на грлото на матката, па на телото, јајниците, вулвата, вагината. Во последните децении се смени возраста на жената за појавување на одредени карциноми, кај некои се спушти границата, кај други се јавува кај повозрасни.

Постарите знаат да кажат „ракот не боли“, но дали кога станува збор за едно од најсериозните заболувања постојат некои симптоми, некакви иницијални знаци поради кои една индивидуа би побарала лекарски преглед?

Д-р Баџаков: Целата популација, без разлика на годините, знае дека кај скоро сите карциноми на гениталиите на жената, болката не и примарен и главен симптом. Секоја локација на крациномот дава различни симптоми, состојби кои ако се јават, тогаш највероватно е веќе закаснето со дијагностиката. Затоа треба редовна гинеколоска контрола со палета на иследувања која треба да биде барем еднаш годишно, за женската полупација во репродуктивна фаза и потоа.

Кои се главните ризик фактори за појава на малигните заболувања на репродуктивните органи кај женската популација и кога најрано може да се појави болеста?

Д-р Баџаков: Палетата на ризико фактори е широка. Локацијата на секој генитален карцином има свој ризико фактори како и општи за карциноми. За жал границата на појавување карцином на женските репродуктивни органи се поместува и пред пубертет, кој во деншно време се јавува порано заради социјално, ментално, сексуално созревање на девојките. Значи, за жал се јавуваат и кај девојчиња пред пубертет: на јајниците, матката (грлото и телото), вагината, кој најчесто се со ембрионално потекло. Родителите треба да обратат внимание на болка кај девојчињата во долниот дел од стомакот, рано крварење од вагината и да се обратат во соодветна гинеколошка амбуланта.

Како се дијагностицираат, дали се потребни посебни дијагностички методи и апарати?

Д-р Баџаков: Секоја озбилна гинеколошка амбуланта, дали е во терцијарното, секундарното, примарното здравство, без разлика дали е јавна или приватна установа, прво треба да биде обезбедена со високо обучен, стручен кадар кој самиот ќе работи со опрема што ги задоволува неговате критериуми за постигнување на релевантна дијагноза.

Каков е начинот на лекување, односно колава е успешноста во излекувањето на карциномите и дали тоа зависи од навременото откривање на болеста?

Д-р Баџаков: Успешноста во излекувањето на карциномите зависи од повеќе фактори: нај прво раната дијагноза, да се утврди локацијата, раширеноста. Тоа понатаму води кон давање на смерници кои дополнителни дијагностички постапки се потребни, кои начини на лекување ќе се применат. Успешноста од гинеколошкиот и клиничкиот онколог не е благодарна, затоа што не е реална. Во зависнот од примарната локација на карциномот, неговата раширеност, општата состојба на пациентката, искуството на гинеколошкиот онколошки хирург, дава одговор дали карциномот е операбилен или не дадениот момент. Кога би се одредила можната операбилност на карциномот, нај добро би било таа да се изведе со т.н. минимално инвазивна хирургија (лапароскопија). Истата се применува во Клиничката болница “Аџибадем Систина:, со веќе презентирани свои резултати во бившите југословенски простори и во Европа. Светските онколошки протоколи усмеруваат на лекување кај карциномите и со додатна  хемио-радио терапија, по завршување на оперативниот третман. Во нај ново време вклучена е и биолошка терапија.

Која е најдобрата превенција, како воопшто може да се спречи развивање на малигно заболување на репродуктивните женски органи

Д-р Баџаков: Нај добра превенција на малигните заболувања на репордуктивните женски органи се редовните гинеколошки прегледи, кој најосновно треба да вклучат преглед со земање на ПАП, понекогаш бактериолошки-вирусолошки брисеви, ехосонографија, во зависност од тоа може да се вклучат и други додатни иследувања.

Колку е важна психотерапијата во сиот овој процес и дали во Македонија ваквите пациенти може да добијат соодветна психолошка помош?

Д-р Баџаков: Нај вероватно психо терапијата кај поединци е потребна и пред појавување на малигно заболување. При мојата посета на врвни Онколошки центри во Европа (Франција, Германија, Данска, Финска), таквите пациенти се опфатени со посебен третман, хируршки, адјувантна онколошка терапија, и секако со присуство на психо терапевт. Потребен е за подобрување на општото здравје на таквите пациенти, кое би придонело за успешноста на лекувањето на карциномот.

извор : Фактор

Најди доктор Закажи преглед Контакт