Почетна » Блог » Канцер » Ризик фактори за карцином на дојка

Ризик фактори за карцином на дојка

Сподели

Ризик фактор за карцином на дојка е сѐ што претставува опасност за добивање на овој тип канцер. Но, доколку имате еден или повеќе ризик фактори за карцином на дојка, тоа не значи дека овој тип канцер ќе се развие кај вас. Некои жени немаат одредени ризик фактори за заболување од карцином на дојка освен фактот дека се жени, а тоа бездруго е еден од факторите.

Факторите кои го зголемуваат ризикот од карцином на дојка се:

–          Женски пол. Жените имаат поголем ризик од карцином на дојки за разлика од мажите.

–          Возраст. Со текот на годините се зголемува и ризикот од ова заболување

–          Лична медицинска историја на карцином на дојка. Доколку сте имале карцином на едната дојка, поголема е веројатноста карциномот да се развие и на другата дојка.

–          Семејна историја. Доколку на вашата мајка, сестра или ќерка ѝ бил дијагностициран карцином на дојка, особено на рана возраст, тогаш ризикот од ова заболување се зголемува. Сепак, сé уште повеќето од жените кај кои е дијагностициран карциномот на дојка немаат семејна историја на заболувањето.

–          Наследни гени. Некои генетски мутации кои го зголемуваат ризикот од карцином на дојка можат да преминат од родителите кај нивните деца. Најчестите генетски мутации се BRCA1 и BRCA2. Овие гени можат значително да го зголемат ризикот од карцином на дојка и други карциноми.

–          Изложеност на радијација. Доколку сте имале радиотерапија во пределот на градите како дете, се зголемува ризикот од појава на карцином на дојка.

–          Дебелина.  Дебелината го зголемува ризикот од појава на карцином на дојка.

–          Рано влегување во менструален период. Влегувањето во менструален период пред 12-годишна возраст го зголемува ризикот од ова заболување.

–          Доцна менопауза. Доколку влегувате во менопауза на постари години, ризикот од појава на карцином на дојка е зголемен.

–          Прво породување. Жените кои се породиле со првото дете по 35. година  имаат зголемен ризик од појава на ова заболување.

–          Никогаш не сте биле бремени.  Жените кои никогаш не биле бремени се под поголем ризик од оние што  родиле барем еднаш или двапати.

–          Постменопаузална хормонска терапија. Жените кои земаат хормонска терапија со  комбинација од естроген и проестроген за ублажување на симптомите од менопаузата имаат зголемен ризик од појава на карцином на дојка. Ризикот се намалува кога жените престануваат со терапијата.

–          Пиење алкохол.  Пиењето алкохол го зголемува ризикот од ова заболување. 

Најди доктор Закажи преглед Контакт