Почетна » Блог » Канцер » Симптоми на мозочен тумор

Симптоми на мозочен тумор

Сподели

Најчестите симптоми на тумори на мозокот, поради кои пациентите се јавуваат на лекар, се главоболки и напади. Но, не треба да паничите или да се сомневате дека имате тумор доколку имате главоболка. Овие симптоми се вообичаени и за други заболувања. Важно е доколку имате постојана главоболка, да се јавите на лекар, за да се утврди причината.

Симптоми како последица на зголемен притисок во главата

Черепот е изграден од коски, и поради ова просторот каде што е сместен мозокот е ограничен. Како што туморот расте предизвикува притисок во овој ограничен простор. Ова се нарекува зголемен интракранијален притисок. Зголемувањето на притисокот се манифестира со следниве симптоми:

Главоболки

Доколку главоболката е последица на тумор во мозок, има тенденција да се влошува. Но, кај некои пациенти на почетокот се јавуваат благи главоболки, кои траат подолго време. Некои пациенти секој ден се будат со тешки главоболки, кои полека се смируваат во текот на денот. Но, како расте туморот се зголемува притисокот и главоболките стануваат поизразени кога ќе се наведнете, кивнете, вежбате па дури и кога викате. Веднаш да се јавите на лекар доколку имате:

  • Многу силна главоболка, особено присутна кога ќе се разбудите
  • Почнува да се јавува главоболка која не сте ја имале претходно
  • Имате чести главоболки
  • Имате главоболка и гадење во исто време.

Гадење.Туморот на мозок може да предизвика мачнина, која е поизразена во утринските часови.

Поспаност. Поспаноста е најчесто доцен симптом на тумор во мозокот. Како што туморот расте и притисокот во главата се зголемува може да ви се спие повеќе од вообичаеното. Или, пак, можете несвесно да заспиете во текот на денот.

Проблеми со очите. Зголемениот интракранијален притисок може да предизвика проблеми со очите. Затоа, доколку имате проблеми со видот веднаш јавете се на лекар. Особено е важно ако проблемите не се коригираат со очилата. Тука спаѓа: заматен вид, гледате форми како да лебдат, гледате како во тунел или видот ви се губи па повторно доаѓа. При офталмолошки преглед може да се дијагностицира интракранијалниот притисок. Напади (конвулзии) Нападите се еден од најчестите симптоми на тумор на мозок. Може да се манифестираат со тресење или грчење на рака или нога. Некои напади само на момент предизвикуваат губење на свеста.

Симптоми како последица на позицијата на тумор на мозокот

Какви симптоми ќе манифестира туморот на мозок зависи од неговата локација. Како што расте туморот го притиска мозочното ткиво околу него. Како последица на притисокот ќе се манифестираат симптоми во зависност од тоа која функција ја контролира тој дел од мозокот. Тука спаѓаат симптоми кои можат да бидат предизвикани од тумори кои се во различни делови од мозокот и `рбетниот мозок. Доколку туморот се наоѓа во:

Фронталниот лобус: промени во личноста, губење на интерес за живот (апатија), тешкотии во планирање и организирање, агресивност, слабост во дел од лицето или на една страна од телото, потешкотии при одење, губење на сетилото за мирис, како и проблеми со видот и говор.

Темпоралниот лобус: заборавање зборови, краткороч- но губење меморија, слушање гласови во главата…

Париеталниот лобус: тешкотии во зборување, проблеми со читање и пишување, губење на осетот во некој дел од телото.

Окципиталниот лобус: проблеми со видот или губење на дел од видот. y Мал мозок: лоша координација, неконтролирано движење на очите, вкочанетост во вратот, вртоглавица. y Мозочното стебло: проблеми со координација, спуштени очни капаци, кривење на устата кон една страна, отежнато голтање, тешкотии при зборување, двојно гледање.

`Рбетен мозок: болка и вкочанетост во грбот, слабост во нозете или рацете, губење контрола на мочниот меур или дебелото црево.

Хипофиза: нередовни циклуси кај жените, неплодност кај мажите и жените, недостиг на енергија, зголемена телесна тежина, промени во расположение, висок крвен притисок, дијабетес.

Важно е да се запамети дека симптомите наведени погоре се причина за повеќе болести. Сепак, доколку ги почувствувате, задолжително јавете се на лекар. Лекарот ќе ве прегледа и доколку постои сомневање за тумор ќе ве испрати на специјалист за понатамошни испитувања

Најди доктор Закажи преглед Контакт