Почетна » Блог » Канцер » Што е зрачна терапија?

Што е зрачна терапија?

Сподели

Зрачна терапија е техника при којашто се користи високо ниво на енергија, X-зраци кои ги убиваат клетките на карциномот. Изворите на зрачењето може да бидат надворешни каде Х-зраците се насочуваат на карциномот; или, внатрешни (од внатрешноста на телото) и доаѓаат од радиоактивни импланти.

Целта на надворешната и внатрешна зрачна терапија е да ги убие клетките на канцерот, со максимална заштита на здравото ткиво околу канцерот.

Зрачна терапија се користи:

  • Како самостоен третман за лекување
  • Пред операцијата за да се намали туморот
  • По операцијата за да ги уништи клетките на карциномот кои евентуално останале по операцијата
  • Заедно со хемотерапија, што ги прави клетките на карциномот почувствителни
  • По хемотерапијата, да ги убие другите клетките на карциномот
  • Да се контролираат симптоми како што се болка или крвавење
Најди доктор Закажи преглед Контакт