Почетна » Блог » Канцер » Моќниот акцелератор TRILOGY ги убави клетките на канцерот, а го штити здравото ткиво

Моќниот акцелератор TRILOGY ги убави клетките на канцерот, а го штити здравото ткиво

Сподели

Зрачна терапија е техника при којашто се користи високо ниво на енергија, X-зраци кои ги убиваат клетките на карциномот. Целта на зрачната терапија е да ги убие клетките на канцерот, со максимална заштита на здравото ткиво околу канцерот. За тоа кога се користи, кои се предностите на зрачната терапија со современиот линеарен акцелератот Trilogy и што да очекувате од третманот, одговор ни даде д-р Славица Кралева, специјалист по онкологија и радиотерапија.

Зрачна терапија се користи:

  • Како самостоен третман за лекување
  • Пред операцијата за да се намали туморот
  • По операцијата за да ги уништи клетките на карциномот кои евентуално останале по операцијата
  • Заедно со хемотерапија, што ги прави клетките на карциномот почувствителни
  • По хемотерапијата, за да ги убие другите клетките на карциномот
  • Да се контролираат симптоми како што се болка или крвавење

Зрачна терапија на Trılogy

Надворешната зрачна терапија е најчестиот тип терапија, при што со помош на специјална машина, наречена линеарен акцелератор Trılogy се насочуваат високи дози на Х-зраци директно во туморот. Линеарниот акцелератор Trılogy може да ја промени позицијата и да го зрачи вашето тело од повеќе агли. Со менување на аголот зрачењето целосно го опфаќа делот кој се зрачи, а се штити здравото ткиво.

Видови радиотерапија со Trılogy

Стереотактична радиохирургија (SRS) има за цел прецизно и интензивно да ја насочи дозата на зрачење во целните области. SRS се користи за зрачење на делот каде што е туморот. Оваа зрачна терапија може да се примени и за лекување тумори во делови од мозокот кои не можат да се оперираат. Она по што се издвојува SRS зрачната терапија од другите апарати е што зраците може да бидат насочени кон многу мали тумори, без да му наштети на здравото ткиво околу туморот. Зраците се фокусирани само на туморот и од различни правци се пушта висока доза на радијација.

Модулиран интензитет на зрачна терапија (IMRT) се применува за подобра распределба на дозата. Линеарниот акцелератор се движи под одреден агол и го насочува целиот интензитет на зрачењето во различни делови на третираниот тумор. Прецизноста на IMRT обезбедува максимална доза на зрачење на туморот поштедувајќи го нормалното ткиво околу туморот. IMRT се користи за лекување области како мозокот, главата и вратот, белите дробови и простата.

Зрачна терапија водена од слики IGRT овозможува одредување на локацијата на туморот во текот на третманот. Благодарение на секојдневните контролни снимки се следи дали туморот што го зрачиме е во зрачното поле. Пациентот се снима не само пред туку и за време на терапијата, со што се овозможува навремено спречување на евентуални поместувања на туморот во тек на третманот.

Што да очекувате од третманот со зрачење?

За време на третманот нема да чувствувате болка. Типот и дозата на зрачење што ќе ви ги препорача докторот ќе бидат прилагодени според дијагнозата и видот на карцином, стадиумот, големината и локализацијата на туморот. Вашата здравствена состојба, исто така, има улога во третманот. Вашиот специјалист по радиотерапија ќе биде во постојана соработка со сите ваши лекари и заедно ќе го  планираат третманот кој е најдобар за вас. Ќе разговараат со вас пред почнување на третманот и ќе ви ги објасни можните несакани ефекти од третманот.

Дали има несакани ефекти од зрачната терапија?

Целта на зрачната терапија е да се уништат канцерогените клетки, но понекогаш во текот на лекувањето може да се појават и несакани ефекти. Со навремен третман на несаканите ефекти тие може да исчезнат во првата недела од зрачењето. Заморот, губењето на апетитот и иритација на кожата се најчестите несакани ефекти. Секогаш информирајте го докторот и медицинскиот персонал за несаканите ефекти. Тие ќе ве информираат како правилно да се справите со нив.

Најди доктор Закажи преглед Контакт