Почетна » Блог » Коски, Мускули и Зглобови » ALL INSIDE – МЕТОДА ЗА ПОЕФИКАСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОЛЕНО

ALL INSIDE – МЕТОДА ЗА ПОЕФИКАСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОЛЕНО

Сподели

Нова процедура во третманот на артроскопската реконструкција на руптура на преден вкрстен лигамент на коленото по методата на ArthrexRT (all inside), се воведе во „Аџибадем Систина“. Станува збор за техника која веќе се користи во светот, но е еден од најсовремените начини на лекување повреди на коленото. Методата првпат беше применета во декември минатата година. Изминативе три месеци во болницата ја изведуваат д-р Борислав Илиев и д-р Михајло Ивановски, специјалисти ортопеди. Досега се извршени над 20 интервенции. „Предноста на методата се состои во зачувување на интегритетот на коската, интервенцијата трае пократко, се користи само една тетива, додека во претходните процедури се користеа две тетиви, а скратено е и времето на рехабилитација. При оваа метода има помал процент на компликации, но се добива и поголема цврстина на коленото“, вели д-р Илиев. Оваа метода се препорачува кај пациенти со скинат преден или заден вкрстен лигамент на коленото. Возраста не игра улога, но препорачлива е кај млади пациенти со недовршен раст поради отворени зони на раст. Постои опасност при користењето на друга метода да го наруши растот на коската па токму поради тоа оваа метода се користи и кај помлади пациенти на возраст од 12 до 13 години. „All inside значи фиксација на лигаментот од внатре. Техниката најмногу се користи кај млади луѓе, не прави проблем кај деца кои се во развој. Реакцијата од пациентите е одлична. Раната рехабилитација се спроведува одлично и нема отоци на коленото“, вели д-р Ивановски. Додава дека со оваа техника кај пациентот се намалува ротационата нестабилност на коленото и тоа станува постабилно и дека оваа метода им овозможува на спортистите да се вратат побрзо. Станува збор за идеална метода кај ревизионите процедури, а тоа значи претходно направена оперативна интервенција поради скинат преден вкрстен лигамент која завршила неуспешно или, пак, се случила нова повреда.

Во светот, 8 од 10 возрасни имаат хронична венска болест (ХВБ)

ХВБ влијае на нозете. Кај жените се јавува почесто во споредба со мажите. Пешачењето и вежбањето имаат позитивно влијание на вените, независно дали е резултат на наследни, фактори на животниот стил или возраста.

Третманот треба да започне што е можно порано, веќе при првите симптоми

Бидејќи ХВБ е прогресивна болест, важно е третманот да започне што е можно порано, со цел да се спречи натамошниот развој на болеста. Доколку не се лекува, ХВБ може значително да влијае на квалитетот на животот. Поради силната болка и чувството на тешки нозе, емоционалната непријатност постепено се зголемува, додека физичкиот капацитет и мобилноста се намалуваат.

Причини за хронична венска болест

Нормалниот проток на крв во долниот дел на нозете е клучен за одржување на здрави вени. Кога венските залистоци и ѕидот на вените ќе ослабнат, тогаш венските залистоци повеќе не се затвораат цврсто и крвта во вените се враќа назад и се собира во долниот дел на нозете. Како последица на тоа, венските ѕидови се прошируваат и плазмата продира во околните ткива, што создава отоци.

Најди доктор Закажи преглед Контакт