/Болка во рамо

Болка во рамо

Сподели

Долготрајното седење во канцеларија пред компјутер влијае на вашите мускули. За да ги спречите и превенирате грчевите или болките, консултирајте се со вашиот лекар кој ќе ви предложи едноставни вежби за истегнување кои можете да ги правите дури и во вашата канцеларија.

Болката во рамото е една од најчестите болки кај човекот од причина што зглобот на рамото е еден од најподвижните, но и најчувствителен зглоб. Поради неговата структура и функционалност, најчесто се користи во секојдневните активности, како што се облекување, чешлање, хранење… Рамото е доста плиток зглоб, кој освен од коски е составен од ‘рскавица, тетиви, мус- кули, капсули и овие структури го придвижуваат и држат стабилно.

Причини за појава на болката

Најчеста причина за појава на болка во рамото може да биде одредена болест, траума или повреда на зглобот или на некоја тетива, лигамент или мускул во негова близина. Интензитетот на болката се зголемува при активност на рацете и рамото. Влијание врз јачината на болката може да има тешката физичка работа, неправилно и претерано вежбање или некоја повреда. Д-р Михајло Ивановски , трауматолог, советува дека најбитно е навреме да се почне со третман и лекување, за болката да не премине во хронична или самата болка да премине во болест. Не секогаш треба да има повреда, но со текот на годините и поради секојдневното користење, може да се јави болка во овој предел. Во пракса најчесто се работи за болка во едното рамо (најчесто рамото кое повеќе го употребуваме).

Поставување дијагноза

Најпрво се зема анамнеза од пациентот и се извршува клинички преглед за да се добие генерална слика. Со соодветно доиследување, почнувајќи од обична рендгенска слика, магнетната резонанца е златен стандард за добивање дијагноза.

Третман

По поставувањето на дијагноза се почнува со конзервативен третман, мирување, аналгезија, имобилизација на рамото, а потоа се преминува на физикална терапија. Дел од повредите, макар и да се работи за калцификати, се третираат со физикална терапија. Доколку овие третмани не го решат проблемот, се преминува на поинванзивна терапија (инјекции со кортикостериоди, PRP третман 3-5 недели на долг рок дава подобрување на симптомите и решавање на проблемите).

Артроскопија на рамо

Ако сè ова не помогне, се прави артроскоспка хирургија на рамо – со минимална интервенција се чистат сите структури кои создаваат декомпресија и болка. Рамениот зглоб потоа функционира нормално. За време на артероскопијата се санираат сите повреди на тетивите и мускулите, ‘рскавицата и другите мекоткивни структури. Оваа рутинска операција се прави откако ќе се исцрпат сите опции на третман. За да се постигне ефектот од оперативниот зафат неопходна е физикална терапија по интервенцијата, која треба да биде спроведена од искусни и професионални терапевти. На Одделот за физикална медицина и рехабилитација покрај вежбите предводени од физиотерапевт во рехабилитацијата се користи и Biodex system 4 – изокинетичката машина при третман на различни повреди на рамо, состојби по оперативно и неоперативно третирани повреди. И професионалните и рекреативните спортисти често се среќаваат со оваа повреда бидејќи долготрајно и поагресивно го користат рамениот зглоб. Кај професионалците најчесто повредата мора да се санира веднаш, за да можат повторно да се вратат на спортот, па третманот кај нив е поагресивен.

PRP револуционерна метода за третман на зглобови

Platelets Rich Plasma метода претставува револуционерен третман на зглобовите со сопствена крвна плазма збогатена со тромбоцити. Со помош на оваа метода за кратко време се регенерира оштетеното ткиво во зглобот. Третманот е безболен и ефикасен и речиси нема несакани реакции бидејќи се користи сопствената крв на пациентот.