Почетна » Блог » Коски, Мускули и Зглобови » Кифоза – честа последица на нагло растење на децата или лоша положба при седење

Кифоза – честа последица на нагло растење на децата или лоша положба при седење

Сподели

Кифозата или подгрбавеноста е зголемување на кривината во градниот дел од ’рбетниот столб. Посебно е воочлива при седење и ја следи завиеност на обете рамења нанапред. Често е последица на наглото растење на децата, лоша положба при седење и слаба стомачна и грбна мускулатура. Кифозите во периодот на адолесценција најчесто се појавуваат како резултат на одредени нарушувања во растот. Кај повозрасната популација, најчеста причина за појава на кифоза е остеопорозата. Кифозите може да бидат и вродени, може да се појават како резултат на траума или како последица на хируршка интервенција.

Како се поставува дијагнозата?

Најчесто пациентите се јавуваат на лекар откако ќе ја забележат карактеристичната искривеност на грбот. Она што е важно да го знае вашиот лекар е вашата семејна историја на болеста, кога за првпат го забележавте искривувањето, дали имате болка во грбот или некој друг проблем. Од дијагностичките процедури, лекарот ќе побара рендген-снимка, магнетна резонанца, компјутерска томографија за да се видат специфичните кривини на ’рбетот, невролошки испитувања за да се види дали постои притисок на некој од ’рбетните нерви.

Видови третман

Конзервативен

Првиот чекор вклучува вежби, земање лекови, носење специјални протези со кои се намалува болката, физиотерапија. Доколку причина за кифозата е остеопороза, тогаш треба да се контролира со цел да се забави процесот на искривување на ’рбетот.

Хируршки

Кифозата се третира хируршки доколку болката е силна, а искривувањето на ’рбетот е сè поинтензивно и прави оштетувања на ’рбетниот мозок. Хирургијата е единствена опција за успешна корекција на деформитетот. Доколку кифозата се забележи во периодот на раст, намалување на прогресијата на искривување може да се постигне со протеза.

 

 

Најди доктор Закажи преглед Контакт