Почетна » Блог » Коски, Мускули и Зглобови » Метастатски карцином на коски

Метастатски карцином на коски

Сподели

Коските, белите дробови и црниот дроб се најчестите органи каде што се шират клетките на карциномот, односно каде што метастазираат. Три до четири случаи на метастази во коските се резултат на тумори во дојки, простата, бели дробови и бубрези. Метастазите на коски може да се јават на која било коска, но најчести се на карлицата и ‘рбетот. За симптомите и начините на лекување, одговор побаравме од проф. д-р Јордан Савески, трауматолог, и д-р Славица Кралева, онколог радиотерапевт.

Кои се симптомите?

  • Болка во коските е првиот симптом на коскени метастази. На почетокот болката може да се појави и да исчезне, а потоа може да чувствуваат поголеми и постојани болки при движење. Метастазите ги оштетуваат коските и ги прават слаби па како последица на ова може да се јави скршеница и при најмал пад.
  • Високи вредности на калциум метастазите на коските го оштетуваат ткивото на коската и како последица на ова калциумот се ослободува во крвотокот. Високите вредности може да бидат сериозен проблем и да предизвикаат мачнина, гадење, запек, дехидрираност па дури и кома.
  • Притисок во ‘рбетот како канцерогените клетки растат и се шират создаваат притисок на околното ткиво. Ако тие се во ‘рбетниот столб, може да почнат да притискаат па ‘рбетниот мозок. Кај пациентот се јавуваат ограничени движења, мускулна слабост, вкочанетост и проблеми со мокрењето. Притисок во ‘рбетниот мозок е ургентна состојба бидејќи може да доведе до парализа.

Како се дијагностицираат метастазите во коските?

Дијагнозата на метастази во коските најчесто се поставува со скен на коски кој може да ја открие 6олеста во ран стадиум. Исто така, се препорачува и компјутерската томографија (КТ), магнетна резонанца (МРИ) и ПЕТ/КТ. Од лабораториските тестови кои може да помогнат во дијагнозата е одредување на вредностите на калциум во крвта.

Лекување

Лекови за јакнење на коскеното ткиво и намалување на болката: лековите кои вообичаено се користат во третман на остеопорозата, бисфосфонати, исто така, може да им помогнат на пациентите со метастази на коски.

Хемотерапија: доколку карциномот се проширил на повеќе коски, тогаш е потребна хемотерапија. Овие лекови, кои се аплицираат венски, патуваат низ вашето тело и се борат со клетките на канцерот.

Хормонска терапија: се дава доколку метастазите потекнуваат од дојката или од простатата. Контрола на болка: во третманот на овој карцином многу е важна контролата на болката за поквалитетен живот на овие пациенти. За таа цел се даваат лекови за контрола па болката.

Радиотерапија: тоа е опција за третман кога болката не може да се контролира со лекови и да се превенира, доколку има опасност од фрактура на коската и компресија на ‘рбетниот столб.

Хирургија: се користи во отстранување на метастазите од коските за кои постои опасност од кршење. Тука спаѓа:

  • Хирургија за стабилизирање на коските: ако постои опасност од кршење поради метастази, хируршки се стабилизира со аплицирање на имплантанти (клин, плочка, протеза).
  • Хирургија на отстранување метастази лоцирани на ‘рбетниот столб: ако локализацијата на метастазата е солитарна на 1 до 2 прешлени тогаш се прави широко хируршко отстранување на туморските маси и пополнување на дефектот со имлантанти.
  • Ветебропластика: претставува минимално инванзивна и исклучително ефикасна хируршка метода која се изведува кога имаме повреден ‘рбетен прешлен. Целта на оваа интервенција е стабилизација на ‘рбетниот столб. Ако метастазите се мултипни и се придружени со многу јаки болки, тогаш тие прешлени се пополнуваат со вертеброцемент, па добиваат на цврстина, но се губи и болката. Кога метастазата ја ослабела коската и таа сe крши, тогаш е можно таа хируршки да се отстрани и деформитетот да се пополни со имплант и цемент. Ако метастазата е раширена и на други делови, се става имплант и цемент.
  • Хирургија во лекување скршеници: доколку коската е скршена како последица на метастази, истата може да се санира со хируршки третман. Co користење ортопедски помошни материјали, коската се фиксира. Исто така, метастазите се отстрануваат од делови на коската кои имаат улога на зглоб, во тој случај се прави широко отстранување на коската и туморската маса и се прави реконструкција (колк, колено, рамо, лакот, рачен зглоб и др. зглобови)

 

Најди доктор Закажи преглед Контакт