/ЛУЗНИ ОД АКНИ? ИМАМЕ РЕШЕНИЕ

ЛУЗНИ ОД АКНИ? ИМАМЕ РЕШЕНИЕ

Сподели

Акните (Acne vulgaris) се честа болест на кожата, која често резултира со лузни. Лузните од акни се една од највознемирувачките, долгорочни последици од акните, кои не претставуваат само медицински проблем, туку имаат и штетно влијание врз физичката, менталната и социјалната благосостојба на една личност. Доц. д-р Весна Бришкоска-Бошковски, дерматовенеролог од „Аџибадем Систина“, вели дека според бројни студии, кај тројца од пет тинејџери акните и лузните од акни предизвикуваат пад на самодовербата, преокупираност со надворешниот изглед и социјална изолација.

ПОСТОЈАТ НЕКОЛКУ РАЗЛИЧНИ ТИПА ЛУЗНИ ОД АКНИ, ВО ЗАВИСНОСТ ОД МОРФОЛОГИЈАТА

Атрофични лузни: овие лузни општо се и најчестиот тип и се појавуваат како мали вдлабнатини во кожата. Тие се јавуваат кога кожата не создава доволно фибробласти во процесот на заздравување на акните. Фибробластите се клетки што играат клучна улога во заздравувањето на раните и синтезата на колаген. Хипертрофични лузни: Овие лузни се поретки од атрофичните лузни и се јавуваат кога кожата создава премногу фибробласти додека акните задравуваат, што резултира со цврста, подигната лузна. Келоидни лузни: Келоидите се најретките форми што морфолошки се слични на хипертрофичните лузни, но обично се многу подебели и поиздигнати, се протегаат надвор од маргините на првобитната промена. Тие се обично потемни од околната кожа и можат да бидат црвени или кафеави. Келоидните лузни често се асоцирани со симптоми, како што се чешање или болка.

КАКО МОЖАТ ДА СЕ ТРЕТИРААТ ЛУЗНИТЕ?

Благодарение на напредните медицински технологии, лузните од акни успешно се третираат под надзор на дерматолог. Лузните од акни кај секого се различни по големина и длабочина (морфологија), па затоа и пристапот на третирање е индивидуален и приспособен според состојбата на пациентот. Изборот на пристап за третман се заснова врз фактори како што се: видот, големината и длабочината на лузните, трошоците, достапноста на третманот, очекувањата и толеранцијата на пациентот за одредени процедури и очекуваните несакани ефекти од нив. Обично неопходен е мултимодалистички пристап за да се постигнат најдобри козметички резултати. Најчесто најдобри резултати дава комбинација на неколку третмани, кои ги одредува и спроведува дерматолог.

КОИ СЕ НАЈЧЕСТО КОРИСТЕНИТЕ ПРОЦЕДУРИ ЗА ТРЕТМАН НА АТРОФИЧНИ ЛУЗНИ ОД АКНИ?

 Најчесто користени процедури се оние за ремоделирање на колагенот или стимулација на синтезата на колагенот. Атрофичните лузни од акни се резултат на губење колаген во дермисот. Третманот за генерализирани атрофични лузни од акни на лицето се состои од процедура за поттикнување на ремоделирање на колагенот. Примери на процедури што можат да ја постигнат оваа крајна точка вклучуваат: фракционално аблативно ласерско обновување на површината (фракционен CO2 или Erbium YAG ласер), хемиски пилинг, дермабразија и микронидлинг.

Фракционата CO2 ласер ресурфација е одличен начин за подобрување на лузните од акни. Тоа е убедливо најефективниот метод во ова резиме. Овие ласери ја таргетираат водата во кожата, што резултира со аблација на епидермисот и дермисот во многу прецизни чекори. Термичката повреда предизвикана од ласерот промовира контракција на колаген, негово ремоделирање и затегнување на кожата, ефекти што може да резултираат со подобрување на изгледот на лузните. Фракционите ласери (како што сугерира нивното име) третираат само дел од површината на кожата. Главната предност на фракционата аблација во однос на целосната аблација е побрзото закрепнување и помалиот ризик од компликации, како што се инфекција и лузни. Во најдобар случај, ласерската терапија може целосно да ги отстрани лузните од акните. Во најмала рака, оваа опција за третман може многу да го подобри нивниот изглед.

Хемискиот пилинг е третман што се изведува со нанесување на хемиска супстанција (алфа-хидрокси киселини (АXA) како гликолна, млечна, манделична, цитрична и бета-хидрокси киселина (БXA) како салицилна киселина, како и трихлороцетна киселина) во различна концентрација на кожата, која предизвикува контролирано оштетување на површинските слоеви на кожата, нивна ексфолијација и стимулација на создавање колаген. Најчесто се употребува на лицето, но може и на вратот, рацете или грбот. Овој третман е ефективен во терапија на површни и средно длабоки лузни од акни, но е ефикасен и за други кожни проблеми и асоцирани состојби со акни, како на пример: постинфламаторна хиперпигментација, брчки, оштетувања на кожата предизвикани од УВ- зрачењето. Микродермоабразијата е поповршна процедура, во која абразивните кристали (на пр., кристали од алуминиум оксид) се туркаат на кожата во рамките на контролиран вакуумски систем за вшмукување. Длабочината на абразија во рамки на микродермоабразија е на ниво на епидермисот, па затоа подобрувањето на лузните од акни по микродермоабразијата е минимално.

Микронидлинг (micro-needling) – се изведува со микронидлинг апарат (дермапен, дермаролер), кој обично се состои од цилиндар, кој е обложен со игли долги 1 до 2,5 мм. Уредот се тркала преку површината на кожата за да се формираат бројни перфорации во епидермисот и дермисот, со цел да се стимулира неоколагенезата. Овие процедури може да ги подобрат лузните од акни на принцип сличен на фракционите ласери, со предизвикување на мали колони на оштетување во епидермисот и дермисот, оставајќи ја кожата помеѓу неоштетена.

КОИ СЕ НАЈЧЕСТО КОРИСТЕНИ ПРОЦЕДУРИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ХИПЕРТРОФИЧНИ И КЕЛОИДНИ ЛУЗНИ ОД АКНИ?

За третман на хипертрофичните лузни и келоиди се користат интралезиони кортикостероидни инјекции со што се постигнува намалена пролиферација на фибробластите и синтеза на колаген, заедно со намалување на воспалителните медијатори. Кортикостероидот се инјектира директно во лузната за да се намалат нејзината големина и дебелина. Дополнителен третман е ласерската терапија или користење на облога од силиконски гел.

30% ПОПУСТ НА СИТЕ ЛАСЕРСКИ ТРЕТМАНИ ДО КРАЈОТ НА АПРИЛ

До крајот на април сите ласерски третмани на Одделот за дерматовенерологија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе бидат намалени за 30%. За резервација на термин за консултација и преглед, потребно е да се јавите на 02 3099 500.