Почетна » Блог » Кожа » Ќелавост – проблем што се решава

Ќелавост – проблем што се решава

Сподели

Револуционерната FUE метода е златен стандард во светот за решавање на проблемот со ќелавоста. Оваа интервенција за трајно лекување на ќелавоста за прв пат во земјава е направена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. За сѐ што е поврзано со FUE методата одговор ни даде доц. д-р Андреј Петров, дерматовенеролог.

Што е  FUE?

Се работи за минимално инванзивна хируршка интервенција со која за многу кратко време засекогаш ќе го решите проблемот со губење на коса. За разлика од другите методи за трансплантација на коса, каде е потребно трансплантирање на цел резен, со оваа метода се користат само влакна од пациентот од пределот на тилот кои се префрлуваат на „ќелавите” делови. Овие влакна никогаш не паѓаат, заради тоа што немаат на површината рецептори за кои се врзува машкиот полов хормон тестостерон, кој е одговорен за опаѓањето на косата, затоа и успехот е голем.

Како се изведува постапката?

Постапката се изведува со помош на посебен апарат, со кој најпрецизно се земаат влакна од тилот на главата, без лузни и оштетување на околните корени, што е од голема предност во однос на другите техники. Се изведува со локална анестезија и целосно е безболна. Се земаат поединечните фоликули од регијата каде има коса и со помош на специјална пинцета се трансплантираат на местата каде таа недостасува.

Влакно по влакно – природен изглед

Оваа метода има многу предности и е многу популарна бидејќи косата трансплантирана на ќелавите делови ја има истата боја и природен изглед како и останатата. Воопшто не е болна и се изведува за само 4-5 часа, а потоа веднаш си се враќате на секојдневните обврски. По трансплантацијата не остануваат резови, не носите завои ниту, пак, вадите конци. Постапката се изведува многу прецизно со што трајно се решава овој проблем. Пресадената коса потоа расте за период од шест месеци, а потоа се заменува со нови влакна, кои ќе се обновуваат како и сите останати влакна во период од секои 2-4 години, што е природен циклус на раст на влакната, а предноста е што таа не може пак да почне да опаѓа.

Кој е идеален кандидат?

Најчесто за изведување на оваа постапка се решаваат мажите кои имаат проблем со ќелавоста, но во последно време интерес пројавуваат и жените. FUE методата може да се применува кај сите пациенти над 18-годишна возраст, и практично нема горна граница на возраста до која може да се извршува. Идеална возраст е од 25 до 35 години, поради карактеристиките на влакното.

Пред и по трансплатација

Пред изведување на постапката потребна е консултација со лекарот за да се направи план за трансплантација и да се лоцира местото од каде ќе се земаат и засадуваат фоликулите. По трансплантацијата треба да се внимава на главата, да не дојде до несакани удари во овој предел, да не се применува груба масажа на пренесените влакна и една недела треба да се избегнуваат спортски активности.

Најди доктор Закажи преглед Контакт