Почетна » Блог » Кожа » eCO2 ласер – моќно оружје против недостатоците

eCO2 ласер – моќно оружје против недостатоците

Сподели

Со еCО2 може да се третира кој било дел од телото. Влијае врз отстранубањето брчки, фините кожни линии, го подобрува изгледот на кожата, текстурата на кожата, ги затвара проширените пори, и влијае на затегнување и зацврстување на кожата. Третманот со еЦО2 особено е ефикасен кај сите видови лузним меѓу кои и лузни од акни. Се употребува и за отстранување стрии и пигментации на кожата.

еCО2 ласерот е најнова генерација карбон-диоксид фракциони ласери кој ја комбинира фракционата технологија со длабокиот аблативен ефект на CО2 ласерот. Третманот се нарекува аблативен бидејќи се создаваат микроскопски рани за да се создаде нов колаген во кожата. Споредено со сличните CО2 лазерски системи, е CО2 предизвикува помало оштетување на колагенските влакна во ретикуларниот дерм.

НОВ КОЛАГЕН СЕ СОЗДАВА 48 ЧАСА ПО ТРЕТМАНОТ

По 48 часа од третманот комплетен е процесот на обновување на површниот слој на кожата (реепителизација). Новосоздавените кератиноцити од основниот слој бавно се движат кон површината на епидермисот, на тој начин нормализирајќи површниот слој на кожата. Во исто време, микроаблативните столбови полека се полнат со нов колаген. Растот на нов колаген континуирано ја подобрува кожата во следните 3-6 месеци. Најзначајната карактеристика на еCО2 лаѕерскиот третман е што со третманот зафаќа само 20% од кожата, при што повеќе од 80% останува недопрена во третираното подрачје. Оваа безбедна селективна фототермолиза комбинирана со аблативниот хируршки ефект на ласерот е причина за постигнувањето на дерматични клинички ефекти споредено со другите ласерски системи. еCО2 ласерот е моќно оружје во третманот на повеќе кожни заболувања – брчки, лузни, проширени пори, стрии, сирингоми, бенки, вирусни израстоци. Намалени се несаканите ефекти како што се ризикот од депигментација и лузни, долготрајно цррвенило по третманот и потребата да се избегнува изложување на сонце подолг период.  Процесот на заздравување по третманот е многу брз. еCО2 новиот аблативен фракционен ласер влијае врз отстранувањето брчки, фините кожни линии, го подобрува изгледот на кожата, текстурата на кожата, ги затвора проширените пори и влијае на затегнување и зацврстување на кожата.

ЛУЗНИ

Најчесто еCО2 ласерот се применува во третманот на лузни од најразлично потекло. Кај лузните се користи повисока енергија на бимот. Со аблативниот ефект на лаѕерот врз кожата хируршки се отстранува вишокиот ткиво. Со ласерот се поминува двапати по должината на лузната. Повеќето пациенти имаат значително подобрување по еден третман. Понекогаш се потребни 2-3 третмани на кожните промени. Интервалот помеѓу два третмана е 4-6 недели.

Лазерската терапија со еCО2 лазерот има огромни предности пред класичните методи. Сепак, потребно е стручно да се ракува. Секогаш при употреба на оваа метода треба да се води сметка на едно од основните правила на медицината „non nocere”или во превод, прво да се води сметка да не се наштети на пациентот.

АКНИ

Акните се заболување кое се јавува во тинејџерските години, но нивните последици ја засегнуваат секоја возраст. Лузните од акни треба да бидат правилно проценети и степнувани со цел да се одбере соодветната терапија. Во 2007 Гудман и Барон (Goodman & Baron)предложија глобална класификација на лузните од акни во четири стадиуми. Првиот стадиум се состои од макуларни хипер и хипопигментации, кои се доста видливи. Вториот стадиум се состои од блага атрофија или хипертрофија, но можат да бидат сокриени со козметички препарати. Третиот стадиум се состои од умерено атрофични или хипертрофични акни кои не можат лесно да се сокријат со мејкап и може да се видат на растојание поголемо од 50см кои не се израмнуваат со притискање на кожата околу лузните. Според релевантни студии, аблативните еCО2 лазери се идеални за третман на 3.стадиум на лузни предизвикани од акни. Првичните резултати од терапијата се охрабрувачки. Се постигнува впечатливо подобрување на дерматолошкиот статус при употребата на еCО2. Болката кај пациентот воопшто не се чуствува или е минимална (пред третманот се аплицира локален анестетик). Можно е да се појават краткотрајни несакани ефекти како што е црвенило, оток, чувство на печење.

СТРИИ

Ласерот предизвикува оштетувања под површината на кожата во облик на цилиндар, кои органиѕмот ги исфрла од кожата и на тој начин се отстранува старото и оштетено сврзно ткиво. Ефектот од третманот може да се види по 5-10 дена. Во наредните неколку месеци резултатите се подобруваат бидејќи и понатаму се создава ново сврзно ткиво.

ПИГМЕНТАЦИИ

Со еCО2се отстрануваат пигментациите на кожата кои настанале како последица на влијанието на сонцето. Може да се третира кој било дел од телото каде што има пигментација. Со ласерот се поминува преку пигментацијата, додека околната здрава кожа не се оштетува. Третманот е безболен. Потребни се до 3 третмани. Најголема предност е што со еCО2 се отстранува пигментацијата од рацете и деколтето без период на заздравување, за разлика од другите третмани, каде заздравувањето е болно и долготрајно, со лоши резултати.

БРЧКИ ОКОЛУ ОЧИТЕ

Третманот е идеален по 30-та година, кога брчките околу очите стануваат поизразени поради губење на еластичноста на кожата. Лазерот механички ги отстранува брчките со зголемување на еластичноста на кожата. Се третира областа околу очите и долниот капак, што значително го подобрува и освежува изгледот на целиот предел и се отстранува уморниот изглед околу очите. Третманот е предвиден за отстранување на ситни до средно големи брчки, како и за отстранување на темната пигментација под очите.

НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ ОД ТРЕТМАНОТ СО еCО2

Досега не се забележани посериозни несакани ефекти од ласерската примена на еCО2.
еCО2 ласерот не смее да се употребува  кај пациенти кои во моментот примаат антикоагулантна терапија, оние кои имаат активна кожна инфекција, имунолошки нарушувања, бременост, карцином на кожата во пределот кој се третира со ласерот. Доколку пациентот реагира со келоидни лузни на механичка траума и доколку прима ретиноиди во последните 6 месеци, не се препорачува третман со еCО2 ласерот.
еCО2 ласерот е ефикасна и безбедна алатка за помладување на кожата со фракционо ласерско обновување. На операторот мз овозможува примена на минимално-инваѕивен третман , комбиниран со поагресивна аблација на ткивото доколку е потребно. Поради силното влијаније на сончевата светлина, не се препорачува третман со еCО2 ласер во текот на летните месеци.

Најди доктор Закажи преглед Контакт