Почетна » Блог » Кожа » Храна за совршена кожа

Храна за совршена кожа

Сподели

Дали сте уморни од користењето скапи и неефикасни козметички производи за нега на вашата кожа? Сега е време кога треба да се ослободите од сите тие производи и да почнете да консумирате здрава храна за совршена кожа. Изборот на храната која секојдневно ја внесувате во организмот во голема мера се одразува и на изгледот на вашата кожа. Во продолжение ви нудиме листа на состојки кои треба секојдневно да ги имате на вашето мени.

1. Црвената пиперка е вкусен зеленчук кој можете да го консумирате свеж или варен. Една црвена пиперка содржи повеќе од 100% од дневната потреба за витамин Ц. Таа исто така содржи значајни количини на диетални влакна, витамин Б6, каротеноиди. Оваа комбинација спречува појава на брчки и ја зголемува циркулацијата на крвта во кожата помагајќи ѝ да изгледа витална и млада. Каротеноиди кои ги има во црвените пиперките се исто така одлични за борбата против акни. Црвена пиперка е совршена, нискокалорична ужина која содржи само 30 калории.

2.Темна чоколада е освен што ќе ја задоволи вашата потреба за благо таа е и храна за убава кожа. Поради богатството на антиоксиданси помага кај сувата кожа и успешно ја штити од УВ зраците. Исто така, го смалува и стресот, со самото тоа и брчките.

3. Лосос е одлична храна која се бори против стресот, анксиозноста и депресијата. Ги обезбедува поголем дел дневните потреби за витамин. И како што веќе можеби знаете, го има витаминот Д, кој е одговорен за работата на срцето, коските, дебелото црево и мозокот. Оваа риба исто така помага во спречување на појава на карцином на дебелото црево, анксиозност, депресија, срцеви заболувања и болести на коските. Изобилува и со омега-3 масни киселини, кои се одлични за борба против воспаление на кожата, појава на брчките и акни, воедно ја хидрира кожата.

4. Зелен чај. Овој неверојатен пијалак содржи големо количество антиоксиданси кои ја штитат кожата од сончевите здрави и од предвременото стареење. Доколку секојдневно го консумирате кожата на вашето лице ќе блеска и ќе биде свежа. Зелениот чај има антивоспалителни својства и го забавува стареењето на кожата. Ова е една од најмоќните билки што можете да ја купите на пазар и да го подобрите квалитетот и здравјето на вашата кожа.

5. Спанаќот е здрав и богат зеленчук кој изобилува со хранливи состојки и токму затоа треба да го имате како дел од секојдневната исхрана. Многумина можеби не го обожаваат, но тоа е прекрасен извор на железо, фолна киселина, хлорофил, витамин Е, магнезиум, витамин А, влакна, растителни протеини и витамин Ц. Поради антиоксидантна способност на витамините Ц, Е, и А спанаќот е одличен за вашата кожа.

6. Моркови се добри не само за вашите очи така и за вашата кожа. Морковите се богати со витамин А и помагаат да се спречи хиперпродукција на клетки во надворешниот слој на кожата. Уште една голема причина зошто треба да грицкате моркови е тоа што витаминот А го намалува развојот на карциномот на кожата.

Најди доктор Закажи преглед Контакт