/Со кавитација до посакувано тело

Со кавитација до посакувано тело

Сподели

Кавитацијата моментално е една од најпопуларните методи за обликување на телото. Овој метод се базира на употреба на нискофреквентен ултразвук, со чие делување доаѓа до разградување на масните клетки. По третманот, кој е безболен и неинванзивен,  површината на кожата останува недопрена – нема модринки, болки, оток, па може да се продолжи со секојдневните обврски.

Што претставува кавитација?

Кавитацијата е нова метода во современата медицина со која за кратко време се постигнува губење на масните наслаги, а целта е намалување на обемот и реобликување на телото. Претставува вистинско откритие за оние кои посакуваат складно тело со помош на ефикасен и неагресивен начин.

Како се губат масните наслаги со кавитација?

Кавитацијата го користи ефектот на нискофреквентен ултразвук, со чие делување доаѓа до разградување на масните клетки (липоцити), односно до пукање на нивната мембрана и разлевање во меѓуклеточните простори. По ова под дејство на ензимите се разградуваат и по лимфен пат се елиминираат од телото (на идентичен начин како и маснотиите кои ги внесуваме со храната).
Она што оваа метода ја прави супериорна над другите е можноста за губење на масните клетки на директен начин. По третманот кој е речиси безболен и неинванзивен, површината на кожата останува недопрена – нема модринки, болки, оток, па може да се продолжи со секојдневните обврски.

На кои проблематични зони третманот со кавитација е најефикасен?

Третманот со кавитација не е наменет за намалување на телесната тежина туку за обликување на телото со  топење на локалните масни наслаги. Досега праксата докажала дека третманот на стомакот, на внатрешните страни на бутовите, колковите , колената и рацете има најдобри резултати. Со кавитација освен што се обликува телото се подобрува и тонусот на кожата. 

Како се одвива процедурата?

Со ултразвучна сонда (глава на апаратот) се лизга по кожата со лесен притисок преку контактен гел. Како придружни појави за време на третманот се чувството на зуење во ушите, кое завршува истовремено со третманот, како и умерена топлина на местото кое го третираме. Процедурата трае 40-45 минути, удобна е и неинванзивна и не ги исклучува пациентите од секојдневните активности. Бројот на третмани е индивидуален(4-6), се прави во серија на растојание од 1 недела. Индикации за користење на овој апарат се локализирани масни наслаги, целулит, реобликување и контурирање на телото. Важно е да се напомене дека кавитацијата е метода за обликување на телото и топење масни наслаги, а не за губење килограми.

Колку се трајни резултатите добиени со кавитација?

Кавитацијата е ефикасна во редукција на локалните масни наслаги и естетска корекција на телото. Резултатите се видливи веднаш по третманот зашто доаѓа до намалување на третираната област од 2 до 4 сантиметри. Резултатите се трајни доколку се одржува телесната тежина.

Дали третманот со кавитација има штетно зрачење?

Кавитација користи нискофреквентен ултразвук и не постои никакво зрачење во смисла на радиоактивно. Ултразвучната терапија е еден од основните третмани на лекување во физикалната медицина, и освен благотворни тераписки ефекти и длабоки ткивни микромасажи, нема никакви негативни ефекти.

Дали и мажите можат да имаат добри резултати со кавитација?

Кај мажите има подобри и побрзи резултати од кавитација. Масните наслаги на станичните делови на стомакот, кои тешко се симнуваат со вежбање, со кавитација лесно се отстрануваат.

РАМКА

Со кавитација се постигнуваат следниве резултати:

– Преобликување  и губење на локалните масни наслаги (стомак, колкови, бутови, натколеници и бедрата)
– Намалување на наслагите од целулит
– Подобрување на циркулацијата
– Подобрување на квалитетот на кожата и сврзното поткожно ткиво

Доколку кавитацијата се спроведува од стручни лица , резултатите се брзо видливи и долготрајни