Почетна » Блог » Кожа » Примена на PRP – револуционерна метода во естетската медицина

Примена на PRP – револуционерна метода во естетската медицина

Сподели

PRP (platelet rich plasma) претставува плазма збогатена со тромбоцити. Се работи за мала количина на крв збогатена со голем број на тромбоцити (еден милион тромбоцити во 1 cm3 плазма). Покрај тромбоцитите, во плазмата се наоѓаат уште 7 главни фактори на раст GF и голем број на матични клетки CD34. Овој метод се изведува на тој начин што се зема мала количина на крв која се поставува во посебна епрувета. Земениот примерок на крвна плазма по пат на центрифугирање се збогатува со тромбоцити. Ваквата збогатена плазма по пат на инјектирање или по изведување на ласерскиот третман се аплицира назад кај пациентот.

Која е целта на PRP?

Процесот на стареењето на кожата е во директна зависност како од надворешни, така и внатрешни фактори. При процесот на стареење кожата губи дел од физичките карактеристики.   PRP методата поволно делува во процесот на  заздравувањето на раните  и процесот на лекување на кожата, поради што и се смета за револуционерна метода во естетската медицина.

Што добивате со PRP третманот ?

  • Брза регенерација на кожата (skin rejuvenation)
  • Намалување на брчките – фините линии и брчки
  • Враќање на еластичноста и сјајот на кожата
  • Намалување на сите видови лузни и нерамнини од акни, операции.
  • Помага во решавањето на целулитот
  • Го зголемува волуменот на ткивото

На кои делови се применува?

Дерматолошкиот PRP најчесто се применува на лицето, но зависно од потребата и желбата на пациентот, може да биде изведен и на други делови од телото, пред се вратот, деколтето, рацете….

Како се применува?

Третманот започнува со земање на крв (како за испитување на крвна анализа). Земениот примерок на крвна плазма по пат на центрифугирање се збогатува со тромобоцити.

Ваквата збогатена плазма со инјектирање или по изведување на ласерскиот третман се аплицира на лицето. Може да се аплицира површно доколку сакаме да ги ублажиме фините линии и брчки и да го поправиме квалитетот и изгледот и текстурата на кожата. Доколку се инјектира подлабоко се намалуваат подлабоки брчки, лузни стрии и се надополнува волуменот.

Резултатите видливи по третманот

Резултатите се видливи веднаш после третманот максимум една недела потоа, а благодарение на кумулативниот ефект, оваа метода гарантира долготрајност на добиениот резултат. Во комбинација со филери или мезотерапија ПРП методата дава одлични резултати. Може да се користи во комбинација со ласерско затегнување со што се постигнуваат уште поголеми резултати. Станува збор за неагресивна метода без хируршки резови и лузни и со кратко време на опоравување.

Кои се предностите? Дали има несакани ефекти?

Предноста се состои во тоа што при примена на PRP третманот се користат сопствените тромбоцити и голем приоритет е тоа што целиот процес се изведува во стерилни услови. Ова е исклучително сигурен метод каде не постои ризик од појава на инфекција или алергии. Во досегашната практика, не се регистрирани некои несакани ефекти. Единствено, овој третман не се применува кај лицата со намален број на тромбоцити и лицата кои боледуваат од хронична болест на црниот дроб, бремени жени, автоимуни заболувања, пациенти кои примаат антикоагулантна терапија, како и пациенти со  малигни заболувања.

Колку третмани се потребни ?

Во консултација со дерматологот, за секој пациент се подготвува индивидуална програма за третман. Се препорачува да се аплицира 3 – 4 пати во рок од  2 – 3 недели. Уште по првата апликација може да се забележат позитивни промени на кожата , таа е посјајна и посвежа. Сепак, посакуваниот ефект се постигнува по целокупниот третман. За одржување на постигнатиот ефект, постапката може да се повтори за 18 до 20 месеци.

 

 

Најди доктор Закажи преглед Контакт