/Со еден чекор до бујна коса

Со еден чекор до бујна коса

Сподели

Револуционерната FUE метода е златен стандард во светот за решавање на проблемот со ќелавоста. Оваа интервенција за трајно излекување на ќелавоста за прв пат во земјава е направена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. За сѐ што е поврзано со FUE методата одговор ни даде д-р Андреј Петров од Одделот за дерматологија.

Што е FUE?

Се работи за минимално инванзив­ на хируршка интервенција со која за многу кратко време засекогаш ќе го решите проблемот со губење на ко­са. За разлика од другите методи за трансплантација на коса, каде е пот­ребно трансплантирање на цел резен, со оваа метода се користат само влак­на од пациентот од пределот на тилот кои се префрлуваат на „ќелавите” делови. Овие влакна никогаш не паѓаат, заради тоа што немаат на површината рецептори за кои се врзува машкиот полов хормон тестостерон, кој е одговорен за опаѓањето на косата, затоа и успехот е голем.

Како се изведува постапката?

Постапката се изведува со помош на посебен апарат, со кој најпрецизно се земаат влакна од тилот на главата, без лузни и оштетување на околните корени, што е од голема предност во однос на другите техники. Се изведува со локална анестезија и целосно е безболна. Се земаат поединечните фоликули од регијата каде има коса и со помош на специјална пинцета се трансплантираат на местата каде таа недостасува.

Влакно по влакно – природен изглед и бујна коса

Оваа метода има многу предности и е многу популарна бидејќи косата трансплантирана на ќелавите делови ја има истата боја и природен изглед како и останатата. Воопшто не е болна и се изведува за само 4-5 часа, а потоа веднаш си се враќате на секој­ дневните обврски. По трансплантацијата не остануваат резови, не носите завои ниту, пак, вадите конци. Постапката се изведува многу прецизно со што трајно се решава овој проб­лем. Пресадената коса потоа расте за период од шест месеци, а потоа се заменува со нови влакна, кои ќе се об­новуваат како и сите останати влакна во период од секои 2-4 години, што е природен циклус на раст на влакна­та, а предноста е што таа не може пак да почне да опаѓа.

Кој е идеален пациент?

Најчесто за изведување на оваа пос­тапка се решаваат мажите кои имаат проблем со ќелавоста, но во последно време интерес пројавуваат и жените. FUE методата може да се применува кај сите пациенти над 18-годишна воз­раст, и практично нема горна граница на возраста до која може да се извршува. Идеална возраст е од 25 до 35 години, поради карактеристиките на влакното.

Пред и по трансплантација

Пред изведување на постапката потребна е консултација со лекарот за да се направи план за трансплан­тација и да се лоцира местото од ка­де ќе се земаат и засадуваат фоликулите. По трансплантацијата треба да се внимава на главата, да не дојде до несакани удари во овој предел, да не се применува груба масажа на прене­сените влакна и една недела треба да се избегнуваат спортски активности.