/Како добриот сон влијае на вашата кожа?

Како добриот сон влијае на вашата кожа?

Сподели

Има вистина во тоа дека колку подолго спиете толку поубавa кожа ќе имате. Додека вие спиете вашата кожа се одмора и се регенерира, па затоа кога се будите наутро по добар одмор изгледате свежо и наспано, а кожата на лицето ви блеска. Но, и колку повеќе спиете, толку почиста кожа ќе имате. Недостигот на сон може да доведе до појава на стрес, што предизвикува појава на акни и мозолчиња, дури и кај возрасните. Едно истражување покажало дека студентите за време на испит, кога се под стрес, имаат повеќе акни отколку нормално.

Доколку сакате очите да ви блескаат, а не вниманието на луѓето да го одвлекуваат  темните кругови околу очите, тогаш спасот е во добриот и квалитетен сон. Луѓето кои имаат добар сон и спијат по 8 часа дневно изгледаат поздраво, помалку уморни и се попривлечни. Доколку се разбудите со потечени очи, тоа е поради лошата положба на главата за време на спиењето. Овој проблем ќе го решите доколку ставите неколку перници и спиете на повисоко или наутро ставите студена крпа во областа на очите.  

Оние кои имаат навика да јадат пред спиење ги советуваме да ги избегнат производите во кои има сол. Солените закуски можат да резултираат со потечено лице наутро бидејќи солта предизвикуваат задршка на течностите. Затоа наместо нешто солено, земете парче овошје или зеленчук.

Но, освен редовен сон, за убава и здрава кожа неопходно е да водите и секојдневна грижа. Отстранете ја шминката пред спиење и користете ноќна крема, како и крема против брчки околу очите. Додека спиете, пак, избегнувајте контакт на лицето директно со перницата бидејќи така се прават линии кои со текот на времето можат да преминат во брчки.