Почетна » Блог » Кожа » Вратете ја младоста на рацете и деколтето

Вратете ја младоста на рацете и деколтето

Сподели

Рацете и деколтето се делови од телото кои не можеме да ги сокриеме и се секогаш изложени на погледи. Иако се најважните симболи на женственоста, ние сепак ги запоставуваме, па токму и затоа кај нив се појавуваат првите знаци на стареење.Доколку навреме не посветите внимание на негата на рацете и деколтето, ќе се појават првите знаци на предвремено стареење и оштетување.

Брчките, намалената еластичност на кожата, губење на поткожното масно ткиво и волуменот на кожата, видливите оштетувања, изразено сувата кожа или старечките дамки се само дел од последиците со кои ќе се соочите. Во зависност колку сте биле изложени на сонце во младоста, стареењето ви ги подарува темните кафеави дамки. Крајниот резултат е набрана и опуштена кожа, а испакнатите вени стануваат сѐ поизразени.

Крајниот ре­зултат е набрана и опуштена кожа, а испакнатите вени стануваат сѐ поизразени. Во летниот период рацете и декол­тето постојано се изложени на сончева светлина, а токму таа најмногу ги оштетува. Затоа зимата е најдобриот период кога може да се преземат ак­тивности за правилна нега и третман. Доктор Андреј Петров од Ласер центарот ви го претставува новиот и револуционерен комбиниран третман за подмладување на кожата на рацете и деколтето со eCO2 ла­сер и PRP метода. Уникатен третман за заводливо деколте и нежни раце единствено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Време е за нега

За да ги спречите негативните последици кои зимата и студот ѝ ги нанесуваат на кожата, посветете време за нега и третман на рацете и деколтето. Зимата не влијае погодно на кожата, но затоа пак е идеално време за трет­мани со ласери. Причина за тоа е што по естетскиот третман овие делови од кожата не се изложени на сончева светлина. Со третмани треба да за­ почнете што порано за да ги спречите овие оштетувања. Ви го претставува­ ме најсовремениот ласерски третман со еСО2 и PRP метода кој со само пет третмани ќе го врати сјајот, тонусот и младоста на кожата на деколтето и рацете.

Тајната на холивудските ѕвезди

Она што е најважно кога кожата е оштетена е стимулацијата и производството на колагенот и еластинот. Брзи и видливи ефекти ќе постигнете со употреба на eCO2 ласер, кој повр­шно ја израмнува кожата и стимулира создавање на нов колаген. Се корис­ти за израмнување и на статичките брчки на рацете и деколтето, а за са­мо неколку недели младешката кожа на вашите раце и деколте повторно ќе се врати. Овој третман освен што ќе ја обнови и подмлади кожата, ќе го по­ добри волуменот, ќе ги оптегне брч­ките и ќе ги избели дамките. Се препорачуваат 3 третмани на растојание од 4 недели. Идеална ком­бинација која ќе обезбеди зачудувачко добри ефекти ќе постигнете со дополнителни 2 третмани со PRP метода која ја подмладува кожата на природен и безбеден начин. Методата PRP (platelet rich plasma) ја ревитализи­ра кожата со примена на сопствена­ та крв. Целосно е безбедна бидејќи се користат сопствени механизми за обновување. Како резултат на ова ко­жата станува цврста, еластична, пос­вежа, посјајна и затегната. Предноста на оваа метода е тоа што резултати­ те се видливи веднаш по третманот, а благодарение на кумулативниот ефект, оваа метода гарантира долгот­ рајност на добиениот резултат.

Најди доктор Закажи преглед Контакт