/Сè за кожата

Сè за кожата

Сподели

Кожата е најголемиот орган на нашето тело и во текот на животот се менува. Всушност вашата кожа се регенерира приближно на секои 27 дена. Потребна е соодветна нега и третман за одржување на здравјето и виталноста на кожата.

Какви се секојдневните потреби на нашата кожа?

Лесно е да ја прескокнете чашата со вода за време на вашите дневни обврски или, пак, да го прескокнете да го исчистите лицето пред спиење. Но, со текот на времето тие ваши лоши навики може да го земат својот данок. Еве што ѝ е неопходно на вашата кожа секој ден:

• Многу вода
• Темелното чистење на кожата треба да го правите двапати дневно. Навечер потрудете се да ја симнете целата шминка и да ја исчистите вашата кожа темелно пред да си легнете
• Конзумирајте здрава и балансирана храна
• Тонирање на кожата – дерматолозите препорачуваат по миењето на лицето да користите средство за тонирање за да ги исчистите остатоците кои сте ги испуштиле при миењето
• Навлажнување – Ова е неопходен чекор дури и за оние кои имаат масна кожа. Постојат голем број навлажнувачи на пазарот кои немаат додаток на масло.

Во текот на вашиот живот треба да обрнете внимание на сите делови од вашата кожа. Запознајте се со истите и ќе можете да ги детектирате промените кога ќе се појават, па навремено ќе можете да побарате стручна помош.

Структура на кожата

Епидермис: Надворешниот слој

Ова е најтенкиот слој на кожата и е одговорен за заштита од штетните надворешни влијанија со пет сопствени слоја: стратум герминативум, стратум спиносум, стратум гранулосум, стратум луциум и стратум корнеум. Епидермисот исто така е домаќин на неколку различни видови клетки: кератиноцити, меланоцити и лангран клетки. Кератиноцитот произведува протеин попознат како креатин – главната компонента на епидермисот. Меланоцитот го произведува пигментот на кожата попознат како меланин, а лангеран клетките се одговорни за превенција од честичките кои навлегле во вашата кожа.

Дермис: Средниот слој

Овој слојот е одговорен за брчките. Дермисот е комплексна комбинација на крвни садови, фоликулите на коса и масни жлезди. Тука се наоѓаат колагенот и еластинот, два протеина неопходни за здравјето на кожата кои и нудат поддршка и еластичност. Фибробласт се клетките кои се наоѓаат во овој слој бидејќи ги синтензираат колагенот и еластинот. Овој слој од кожата исто така ги содржи рецепторите за болка и допир.

Хиподермис: Дебелиот слој

Овој слој е исто така познат како „супкутис“. Во него се наоѓаат потните жлезди, масни и колагенски клетки и е одговорен за чување на температурата на вашето тело и заштита на виталните внатрешни органи. Намалувањето на ткивото во овој слој е причина за опуштената кожа.

Протеините во кожата

Колаген:

Колагенот е протеинот кој во најголемо количество го има во кожата, со дури 75 %. Колагенот и еластинот се одговорни за зачувување на кожата од брчки и за одржување на добрата структура. Со текот на времето како што кожата старее се намалува способноста на вашето тело да произведува колаген.

Еластин:

Овој протеин се наоѓа заедно со колаген во внатрешниот дел на кожата, кој е одговорен за создавање структура на вашата кожа и органите. Како и колагенот, еластинот е под влијание на времето, намалените нивоа на овој протеин доведуваат до збрчкана и висната кожа.

Кератин:

Овој доминантен протеин во вашата кожа ја прави косата, ноктите и надворешниот слој на кожата.