/БОЛКИ ВО СЛАБИНАТА И НОГАТА

БОЛКИ ВО СЛАБИНАТА И НОГАТА

Сподели

Често во модерниот свет луѓето се жалат на болки во слабината и ногата, а нетолерантните болки можат сериозно да го нарушат квалитетот на животот. Неврохирурзите од „Аџибадем Систина“ ги потенцираат следниве состојби при кои треба да се посети лекар од специјалноста на неврохирургија:

– силни болки во слабината,
– болки и вкочанетост на едната нога,
– чувство како лазење на мравки по ногата,
– топло-ладни бранови по едната нога,
– паднато стапало,
– ограничени движења во долниот дел од грбот,
– проблеми со контрола на уринирање.

Овие состојби најчесто се резултат на поместување на меѓупрешленските дискуси од своето лежиште. Тоа доведува до притисок врз нервните корени и појава на некои од горенаведените симптоми. За среќа, модерната медицина има оперативно решение за голем дел од овие состојби.

Сѐ уште не е докажана значајна разлика помеѓу класичниот и ендоскопскиот хируршки пристап. Оперативниот третман се состои во тоа што се отстранува делот на дискалното ткиво кој притиска врз нервните корења и предизвикува болки.

Магнетна резонанца LS ‘рбет

Пристапот се изведува во општа анестезија со претходен преглед и иследувања кои ќе ја потврдат физичката подготвеност на пациентот. Наредниот ден по приемот во болница се изведува оперативниот зафат. Него го изведува тим од неврохирурзи со специјален микроскоп кој овозможува максимална прецизност. Потребното ниво се одредува со рендген апарат во операционата сала на самиот почеток од операцијата. На тој начин значајно се намалува ризикот од погрешни манипулации.

Секоја хируршка интервенција, особено неврохируршката, е ризична интервенција бидејќи може да настанат ненамерни оштетувања на нервните структури. За време на интервенцијата хирургот не може да ги предвиди бидејќи нема јасна слика во оперативното поле. Потенцијалната повреда на нервните структури најчесто е видлива по операција, односно по будење на пациентот, кога веќе е доцна за какви било корекции. ‘За да се спречат овие последици, со помош на невромонитрингот може да се разграничат делови кои контролираат витални функции и движењето и да се спречи нивна повреда при операција. Затоа пред операцијата се поставува невромониторирачки систем од страна на невролог и асистент.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е %D0%BD%D0%B5%D1%83%D1%80%D0%BC%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B3-1024x536.png
Невромониторинг

Невромониторирачкиот систем ја следи функцијата на нервите во текот на операцијата. Со тоа му се овозможува на операторот да работи побезбедно без опасност од повреда на нерв. По оперативниот зафат, пациентот се буди во собата за будење и за кратко се префрла на неврохируршкото одделение. Уште истиот ден се охрабрува да се исправи и да почне со нормално одење и нормални движења. Доколку е сѐ во ред, следниот ден пациентот се враќа дома советуван како да постапува. За една недела доаѓа на контролен преглед и му се отстрануваат конците. Потоа следува период на рехабилитација. Во овој период, пациентот оди на физикална терапија и учи како понатаму да ја подобри здравствената состојба и како да спречи влошување. За пократко од еден месец, пациентот е подготвен целосно да се врати на своите дневни обврски.

Во Клиничка болница „Аџибадем Систина“, на одделот за неврохиругија се извршуваат токму овие операции, а одделот го предводат еминентни неврохирурзи, кои ги изведуваат и најсложените неврохируршки интервенции. Во тимот доктори се истакнатите специјалисти по неврохиругија – проф. д-р Кирил Лозанче, д-р Љуљзим Агаи, проф. д-р Слободан Дамјановски и д-р Миленко Костов.