Почетна » Блог » Мозок и ’рбет » Како да препознаете мозочен удар?

Како да препознаете мозочен удар?

Сподели

Мозочните удари се случуваат брзо и без најава, па симптомите се појавуваат одеднаш и без предупредување. Тој е е 5-та водечка причина за смртност, на секои 4 минути умира по едно лице. Настанува кога ќе дојде до проблеми со снабдувањето на мозокот со крв, поради блокирање или прскање на крвните садови. Мозочниот удар претставува итен медицински случај, па затоа е неопходен навремен третман.

Најчести симптоми

  • конфузија (збунетост)
  • проблеми со зборувањето и разбирањето
  • ненадејна зашеметеност или слабост на телото, особено доколку се одрази само на едната страна
  • ненадејна остра главоболка од непозната природа
  • вкочанетост на лицето
  • ненадејни промени во визијата на едното или двете очи или тешкотии при голтањето
  • нарушувања во координацијата, вртоглавици
  • ненадејна вртоглавица или губење рамнотежа, ненадејна конфузија, тешкотии при зборување и разбирање
  • меморија

Дијагностицирање

Во зависност од тоа колку брзо и точно ќе се дијагностицира, пациентот може да добие повремена или трајна онеспособеност, како последица на мозочниот удар. Поради овие симптоми можно е кај пациентите да се појават компликации со контрола на мочниот меур или дебелото црево, депресија, болка во рацете или нозете, парализа и слабост на едната страна на телото, проблеми со контролирање и изразување на емоции. Дијагнозата може да се постави и пред пациентот да посети доктор. Постои еден акроним F.A.S.T. кој ги најавува симптомите на мозочниот удар и даваат полесна идентификација на состојбата:

F (face) – кога е зафатена едната страна од лицето, па пациентот колку и да се труди да се насмевне, насмевката опаѓа

A (arm) – слабост на рацете

S (speech) – промени во говорот

T (time) – ако се забележи некој од овие симптоми неопходно е веднаш да се реагира и да се побара итна помош.

Колку побрзо лицето биде однесено на доктор, толку побрзо ќе се постави дијагноза и помала е веројатноста да се добие трајно оштетување или смрт. Најдобри резултати од третманот на мозочен удар се добиваат доколку пациентот се одесе во болница најдоцна до 3 часа по појавување на првите симптоми.

Кој може да добие мозочен удар?

  • Пациентите кои имале преживеано срцев удар
  • Пациенти со нерегулиран крвен притисок и шеќер во крвта
  • Недоволен сон
  • Слаба физичка активност
  • Напорна работа и премногу обврски
  • Почесто се појавува кај повозрасните мажи

 

Најди доктор Закажи преглед Контакт