/Сė што треба да знаете за епилепсија

Сė што треба да знаете за епилепсија

Сподели

Епилепсијата е хронична здравствена состојба придружена со повторливи епилептични напади. Епилептичен напад е настан што настанува како последица на нарушување на функцијата на мозокот од абнормални или прекумерни празнења на мозочните клетки. Постојат различни видови епилепсии, напади, како и причини што ги предизвикуваат. На пример, и тумори на мозокот и мозочен удар може да предизвикаат напади и да доведат до хронична епилепсија. Некои од причините може да се дијагностицираат и се третираат со лекови , а за некои е потребен хируршки третман.

Кои се причините за епилепсија?

За околу 65% од пациентите со дијагностицирана епилепсија не може да се открие причината. Кај останатите 35% причина за епилептичните напади се мозочен удар, вродени аномалии, тумори на мозок, траума и инфекции на мозокот.

Кои се симптомите?

Епилепсијата може да предизвика конвлузии – неконтролирани движења кои се јавуваат одеднаш. Но нападите може да се манифестираат различно. Во текот на нападот може да се јават грчеви во мускулите, сензорни нарушувања, нарушувања на сетилата за мирис, вид и слух, како и одреден степен на нарушување на свеста.

Дијагноза: ЕЕГ

Дијагнозата се поставува врз основа на нападите на пациентот, како и медицинската историја. Се прави тест наречен елетроенцефелограм (ЕЕГ). Се работи за безболна процедура кој ја снима електричната активност на мозокот во вид на брановидни линии. Доколку се прави за време на напад, може да се открие кој дел од мозокот е засегнат, податок кој може да помогне во правилно менаџирање на терапијата.

Дијагноза: скен на мозок

Детални слики од магнетна резонанца или компјутерска томографија може да помогнат да се исклучат некои состојби како причини за епилепсија. Тука спаѓаат промени во структурата на мозокот, крвавење или туморозни промени. Овие информации ќе помогнат во изготвување на адекватен план за лекување.

Компликации

Најдобар начин за да се избегнат компликациите од епилепсија е да се најде соодветен третман кој ќе ги спречи нападите. Морате да бидете дисциплинирани и да се држите до терапијата што ви е препишана од докторот. Најчесто компликациите настануваат при самите напади кои се јавуваат одеднаш и постои опасност пациентот незгодно да падне и да се повреди, особено главата. Губење на свеста додека пливате или се бањате може да биде опасна по живот. Истото важи и за многу екстремни спортови, како и планинарењето.

Третман: лекови

Лекови што се користат во третман на епилепсија се најчесто антиепилептици кои спречуваат напади. Доколку лекот не делува, тогаш докторот треба да препише друг лек или да ја прилагоди дозата.

Третман: кетогена диета

Доколку лековите не даваат резултат или предизвикуваат несакани ефекти, кај пациентите се препорачува кетогена диета. Се работи за режим на исхрана богат со масти и протеини и ниско ниво на јаглехидрати, мешавина која доведува телото да согорува масти место шеќер. Сето ова создава промени во мозокот кои помагаат да се намалат нападите.

Третман: хирургија

Хируршки третман се препорачува за рефракторни епилепсии, т.е. епилепсии кои не реагираат на лекови.

Прва помош при епилептичен напад

Доколку видите некој да има епилептичен напад, следете ги следниве чекори:

  • Колку време трае нападот
  • Да ја расчистите областа околу пациентот (да нема остри или други предмети кои би го повредиле за време на нападот)
  • Ослободете го вратот на лицето од облека за да не влијае на дишењето
  • Ставете перниче или нешто меко под главата
  • Ослободете ја устата

Повикајте итна медицинска помош ако нападот трае долго или лицето е бремено, повредено или има дијабетес.