Почетна » Блог » Очи » Посетете офталмолог!

Посетете офталмолог!

Сподели

Многу е мал процентот на луѓето кои бараат медицинска помош за проблемите со своите очи. Најчести проблеми кои се јавуваат кај луѓето се токму иритациите кои се предизвикани од предолгото седење пред компјутер. Луѓето често го занемаруваат овој проблем, а не се свесни до што може да доведе.

Најчестото прашање кое пациентите го поставуваат на својот офталмолог е како да го сочуваат нивниот вид. Тука важат правилата, како и за сите работи во животот. Треба да го слушате здравиот разум. Потребни се редовни годишни прегледи кај офталмолог. Здравите навики кои се добри за целиот организам, важат и за очите. Особено прошетките низ природата, каде погледот нема крај.

 

Офталмолозите советуваат:

– да не ги напрегате очите секојдневно со предолго седење пред компјутер

– кај повозрасните може да дојде до акутен напад на глаукомата или зголемување на очниот притисок

– оние кои носат леќи никако не смеат да спијат со нив

– леќите не смеат да се носат на базен поради ризикот од појава на инфекции, кои многу тешко се лекуваат

– секогаш треба да се носат соодветни очила за пливање, и тоа сопствени, а не позајмени или купени од препродавачи.

Важна улога во одржувањето на здравјето на очите игра лутеинот. Човечкиот организам не може  да го синтетизира, затоа мораме да го внесуваме преку храната или суплементите. Преку храната, внесувајќи зелени лиснати зеленчуци и цитрусни плодови не внесуваме ни третина од овој важен пигмент, важен за долговечноста на макулата, кој со текот на годините слабее. Некои истражувања велат дека производите кои содржат поголемо количество лутеин (од 6 до 8 mg) ја зголемуваат густината на макуларниот пигмент дури за 43%. Исто така, покрај досега употребуваните витамини и минерали, важна улога во здравјето на очите имаат и омега 3 масните киселини кои досега ги поврзувавме единствено со срцевите заболувања.

Освен оние кои боледуваат од катаракта и глаукома или имаат други оштетувања на видот, додатоците во исхраната со лутеин и омега 3 масните киселини сé повеќе се препорачуваат и кај оние кои се секојдневно изложени на вештачко осветлување и седење пред компјутер. Според статистиките, во последните 10 години проблемите поврзани со синдромот „суво око“ двојно се зголемија, како резултат на прекумерно седење пред компјутер.

Голем број истражувања покажаа дека гледањето во монитор толку многу напрега што доведува до кратковидост, односно појава на минус диоптрија.

Во некои европски земји постојат прописи за заштита на вработениот при работа со компјутер. Секој работник кој користи компјутер мора да направи очен преглед, пред вработувањето, и редовни прегледи додека е во работен однос. Прописите налагаат мониторот да биде оддалечен најмалку пола метар од очите. 

Најди доктор Закажи преглед Контакт